Прва прослава на Европскиот ден на граѓанските права
Основниот суд Скопје 1 денес го одбележува Европскиот ден на граѓанска правда. Имено, скопскиот Кривичен суд, како прв суд во државава, ги отвора вратите за граѓаните, медиумите и за сите заинтересирани. Сите заинтересирани од 8,30 часот ќе можат го посетат Основниот суд Скопје 1 Скопје и притоа да се запознаат со можностите за остварување на своите права. На посетителите ќе им биде овозможено разгледување на судот, како и разговор со судиите и со другите вработени.
Во празнувањето на Европскиот ден на граѓанска правда ќе се вклучат и Врховен суд на Македонија и Академијата за обука на судии и јавни обвинители, а ќе биде организирана и конференција на тема „Резултатите од преземените реформски активности во областа на правдата и презентирање на проектот за кодификација на граѓанското право“.
Академијата, со соработка со Основен суд Скопје 1, ќе организира и симулација на судење на кривичен предмет, а свои поздравни обраќања ќе имаат претседателката на Основен суд Скопје 1, Лидија Неделкова, и директорката на Академијата, Анета Арнаудова. (Љ.С.) |