Број 3414  понеделник, 25 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Хроника
Чешиновец со својот мотор изгоре во нивa

Штип- Ангел Динев (75) од село Чешиново загина во петокот, околу 11 часот, на патот Штип - Делчево, во близина на своето село, откако во него удри џип „гранд чироки“, управуван од Д.Б. (38), сопственост на ловното друштво „Црн вук“ од Лозово.

Според полициски извори, Ангел Динев се движел со мотор марка КТМ кога во него удрил џипот и го исфрлил во крајпатните оризови ниви. Од ударот моторот се запалил и Динев изгорел во пожарот. Увидот траеше 3,5 часа, а притоа сообраќајот на оваа фреквентна магистрала беше затворен. Се создаде колона од дваесетина километри. Возачите нервозно реагираа на бавноста на постапката на надлежните.

Се чекаше прилично долго и на возилото за итна медицинска помош од кочанската болница, а потоа и на погребното возило на јавното претпријатие. (И.Б.)

#
Статијата е прочитана 1696 пати.

Испрати коментар

Од: Do koga so inicijali?
Датум: 25.10.2010 14:48:37
Do koga so inicijalite na prestapnicite? Ili kazete gi po ime i prezime ili voopsto ne pisuvajte za niv za da bidat potpolno zastiteni.

Најди! во Утрински
Хроника
Се давиме во капки алкохол
Прва прослава на Европскиот ден на граѓанските права
Од дилер одземени 433 грама марихуана






Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000
Hungarian sludge catastrophe victims may not get compensation, say Greens
Belgian court awards €15,000 to asylum seeker