Број 2851  понеделник, 01 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Вработените во „Леов компани“ во одбрана на газдата

ПРИЛЕП - Раководството на прилепскиот погон на велешката фабрика „Леов компани“ застана во одбрана на газдата Трајче Леов. Прилепските менаџери посочија дека од доаѓањето на Леов, фабриката бележи развој, а 150-те вработени добиваат секој месец плати и придонеси.

Но, менаџерите не соопштија ниту еден аргумент со кој ќе ги демантираат наводите на МВР, според кои Леов и претседателот на УО на „Пролукс“, Димитрија Стојаноски, пред три години потпишале купопродажбен договор со кој ги оштетиле доверителите за околу 600.000 евра. Полицијата побара притвор за двајцата осомничени, но истражното одделение на Основниот суд одлучи да спроведе редовна истражна постапка.

Менаџерот Венцислав Крстески на прес-конференција обвини дека одредени структури имаат намера да вршат опструкција врз работата на фирмата и побара тие јавно да се декларираат.

„Сметаме дека некој врши опструкција, го кочи развојот на фирмата и апелираме тој што го прави тоа да излезе и јавно да каже во што е проблемот“, изјави Крстески. (Мн.Т.)


Статијата е прочитана 1080 пати.

Испрати коментар

Од: kavadarci
Датум: 01.12.2008 06:30:48
Leov , Nasov i Stojanovski se kriminalci itreba da se stavat vo pritvor. Ima koj da upravuva so fabrikata

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Уште една кривична за Смиленски
Барал поткуп да се откаже од тужбата
Исчезнат гостиварец пронајден мртов