Барал поткуп да се откаже од тужбата
Полицијата поднесе кривична пријава против О.Ч. (47), стечаен управник на фирмата „Бетон“ од Радовиш, поради поткуп. Според МВР, тој во два наврати побарал парична награда од 22.000 евра од оштетениот Д.Д., управител на „Бетон“ ДООЕЛ Радовиш, (правен следбеник на „Бетон 2002 “ДООЕЛ Радовиш), за да ги повлече тужбените барања со кои ги оспорил договорите за купопродажба склучени меѓу „Бетон“ АД Радовиш и фирмата „Тенсов инженеринг“, сопственост на близок роднина на Д.Д.
Против О.Ч. и против Г.Ј. (52), поранешен доминантен сопственик на АД „Млекара“ - Струмица, е документирано уште едно дело за што е поднесена кривична пријава за малверзации со акциите во фирмата. (Ц.Х.) |