Исчезнат гостиварец пронајден мртов
Седумдесет и деветгодишниот Перо Илиески од Гостивар, кој бил пријавен за исчезнат минатата среда, пронајден е мртов покрај железничката пруга кај наплатната рампа Гостивар. Трупот на Илиески во петокот околу пладне го забележал машиновозач на возот што се движел од Скопје кон Кичево. По полицискиот увид, телото на старецот било предано за обдукција, која, покажала дека смртта настапила како последица на инфаркт. (Ц.Х.) |