Автомобили
Автосалонот во Детроит се враќа на гламурозните патеки
Владимир Ристовиќ
Времето на криза и рецесија, по се' изгледа, го одмина најголемиот салон за автомобили на северноамериканскиот континент. „Кобо центар“, каде што по традиција секој јануари се одржува една од најголемите светски автомобилски манифестации, ќе блесне во целосна светлина. Халите се освежуваат со нови помоќни светлосни системи и системи за озвучување. Се инсталира нова посовремена и поефикасна климатизација, се менува и уредува подот, ентериерот.... Со еден збор, Детроит е решен да го врат стариот блесок на оваа манифестација.
По две тешки години предизвикани од светската финансиска криза во кои многу познати автомобилски марки го откажуваа своето присуство, за Детроит дојдоа поубави времиња. Од 11 до 24 јануари, во Детроит очекуваат враќање на старите позиции. Организаторот најавува гламурозни настапи под куполата на „Кобе центар“. Веќе пристигнаа најави за повеќе од 50 светски премиери.
Годинешнава изложба ќе биде голема пресвртница и тоа во позитивна смисла за американските „кармејкери“. Иако „вујко Сем“ нема да лансира некој големи технолошки иновации, сепак, очигледна е позитивната клима. Раздвижувањата во светската економија, санирањето и закрепнувањето на монетарните институции, со еден збор ревитализација на светското стопанство. Повеќе вработувања, повеќе пари и поголем стандард, а со тоа и поголем број клиенти за купување нови автомобили.
Детроит ќе се обиде да го врати епитетот најголем автомобилски салон во САД, а за тоа ќе се погрижат повеќе од 1.000 излагачи од 34 земји во светот. Најатрактивните се: Audi A6, Chrysler 300, Ford Escape concept, Honda Civic concept и Toyota Prius MPV. Од супер спортските марки, апострофирано е враќањето на Porsche на салонот и тоа по неколкугодишно апстинирање. Легендарната спортска марка ќе се претстави со најновиот концепт на суперавтомобил. Сепак, се' уште има познати автомобилски марки кои и годинава го откажаа присуството на Детроит. Салонот од другата страна на големата бара е сериозен трошок и за такви имиња какви што се: Mitsubishi, Nissan и Infiniti, односно Fikser, Rolls Royce и Suzuki. И Кина, најбрзо растечката автомобилска индустрија и пазар во Детроит ќе има само еден претставник – брендот BYD.
И секако, тука е и новиот Медија центар на „Мишелин“ распослан на околу 8.000 квадратни метри, од каде што новинарите ќе можат преку најсовремени комуникациски средства да информираат за сите новитети.
Подновениот „крајслер 300“ во Детроит
Редизајнираниот „крајслер 300“ ќе има официјално деби веќе идниот месец на Салонот за автомобили во Детроит.
Моделот 300 и натаму ги задржува својот стил и препознатлив став на типичен американски muscle автомобил, а од новите детали ги издвојуваме новата решетка на ладилникот, поатрактивна светлосна група со LED технологија и многу хромирани делови, како на предниот, така и на задниот дел од автомобилот. Внатрешноста е збогатена со многу поквалитетни материјали, но севкупниот изглед е многу близу до оригиналот. Единствена новина е атрактивното сино осветлување на инструменталната плоча и разни додатоци од дрво, двоен сончев покрив и интегрален систем за навигација Garmin.
Освежениот „крајслер“ 300 овозможува агрегатски избор меѓу две опции 3,6 литарскиот V6 со 292 KS и 353 Nm вртежен момент, како и помоќниот 5,7 HEMI V8 со 370 KS и 536 Nm. Погонот е на задните тркала во спрега со петстепен автоматски менувач, додека оној на сите четири е на листата со доплата.
„Хонда“ со прва соларна станица за хибриди и електромобили
Најголемата пречка за експанзија на електромобилите, покрај малите производствени капацитети, во почетокот е и немање соодветна инфраструктура. „Хонда“ ги прави првите чекори за решавање на овој проблем. Овој производител изгради во Јапонија прва соларна постојка за полнење хибридни и електрични автомобили. Наскоро ваква постојка треба да се изгради и во Торанс, Калифорнија, Америка, каде што „Хонда“ веќе ги тестира своите модели „Акорд“ и „Џез“, опремени со електромотори.
Токму во овој калифорниски град ќе се изгради полигон каде што ќе може да се н��полнуваат електричните автомобили и мотоцикли. И во Кина се најавува реализација на слични проекти.
„КроациЈа осигурување“ АД „Пријател на македонскиот спорт”
„Кроација осигурување“ - Под мотото „Најдобрите одат со најдобрите“, оваа компанија дава материјална поддршка на повеќе спортски друштва, меѓу кои и на АКК „Примо АВЈ“ од Скопје. Минатата недела овој автомобилски тркачки тим за успешна организација на спортски манифестации во автомобилизмот во 2010 година му додели плакета на Александар Димушевски. Покрај автомобилџиите, признанија добија и КК МЗТ - Скопје, кошаркарскиот клуб Куманово, одбојкарскиот клуб Шкендија од Тетово, на женскиот кошаркарски клуб „Бадл кросиџ“ и на планинарскиот клуб „Македон“.
„Форд“ во Женева ќе го прикaже концептот Б-мах
„Форд“ потврди дека во март в година на Салонот за автомобили во Женева, ќе ја претстави својата нова студија: концептот Б-Max, мини MПВ, замена за „фјужн“. Новиот Б-Max ќе биде возило од Б-сегментот и ќе се темели врз Фордовата архитектура и филозофија во класата лансирана со последната генерација на „фиеста“. Ќе има пет врати и место за пет патници.
Главни конкуренти му се „опел мерива“, „хјундаи их“ 20, „киа венга“....
На пазарот, Б-Мах, би требало да пристигне во 2012 година, а е наменет, пред се', за европските купувачи. Ќе се произведува во фабриката на „Форд“ во Крајова, Романија, а се годишното производство би изнесувало 150.000 единици.
„Џулија“ наследник на „алфа 159“
„Алфа ромео џулија“ ќе го наследи успешниот модел „159“. „Џулија“ ќе има погон на задните тркала и ќе се базира врз модифицираната платформа С-Evo од „џулиета“. Покрај тоа, „џулија“ ќе пристигне со ARC- систем (Active Roll Control), што претставува новина, а препознава кога автомобилот влегува во свијок и автоматски ги регулира пружините на амортизерите.
Новата убавица ќе има широк спектар на погонски агрегати. Бензинците ќе стартуваат од 1,4 литарскиот турбомотор со 118 КЅ и 168 КЅ, потоа 1,8 литарски со 200КЅ.
Дизел-понудата ќе ја надополнат проверените JTD-мотори од последната генерација со моќ од 104 до 200 коњи.
|