Број 3468  вторник, 28 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Забава

Јоко Оно

Не ги растурив „Битлси“

Со години се сметаше дека Јоко Оно е виновна за распадот на „Битлси“, една од најголемите групи што некогаш постоела, меѓутоа таа одбива да ја прифати одговорноста за такво нешто. Таа вели дека и да сакала, не би можела да ги одвои едни од други.

Како веќе изграден авангарден уметник, Јоко станала позната, но на негативен начин, кога ја започна врската со Џон Ленон. Парот живееше во Њујорк, со синот Шон, пред Џон да биде убиен од опседнат обожавач во 1980 година.

„Не ја растурив ’Битлси‘. Тоа беше група составена од четворица, многу комплексни луѓе, а јас самата не можев да влијаам на нив. Тие се разделија затоа што дојдоа до крајот. Долго бев лута што бев неправедно обвинета дека влијаев на уништувањето на ’Битлси‘, како и врз самиот Џон“, вели Јоко.

Таа уште додава дека често размислува како би било ако Ленон и понатаму е жив.

„Би му се допаднало како светот се менуваше. Сигурно би обожавал Интернет, ’Фејсбук‘, ’Твитер‘... Сигурна сум дека секој час би ставал свое мислење за се' што се случува“, размислува Јоко.


#
Статијата е прочитана 1129 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Автосалонот во Детроит се враќа на гламурозните патеки
Боуви ми ги врзува врвците на чевлите
Принцот на темнината би го забранил Божик
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks