Ози Озборн
Принцот на темнината би го забранил Божик
Ози Озборн, принцот на темнината, во својата колумна во „Сандеј тајмс“ напишал дека Божик би требало да се забрани. Сепак, признал дека порано го сакал празникот, зашто му бил одличен изговор да се напие, а денес му оди на нерви и повеќе и' се радува на Новата година. Пејачот, кој има и реално шоу за своето по малку необично семејство, неодамна напиша и биографија.
Сепак, по пишувањето колумни за магазинот „Тајмс“, Ози планира да напише уште една книга со Крис Ајрес, кој му помагал при пишувањето на првата книга. Има намера да ја нарече „Прашајте го д-р Ози“.
Освен тоа, во јануари тргнува на мини-турнеја, а на концертите ќе му се придружи и легендарниот Слеш од „Ганс едн роузис“. Ози се прослави пред триесетина години, а тогаш го доби и прекарот - принц на темнината. Свири хеви-метал, а особено го обожаваат даркерите. |