Број 3314  среда, 23 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

Среќата доаѓа со стареењето

Луѓето над 50 години се повеќе задоволни од животот од речиси секој аспект

Неизбежно е. Мускулите ослабуваат. Слухот и видот се губат. Добиваме брчки и се згрбавуваме. Не можеме да трчаме ниту дури да одиме онолку брзо како порано. Имаме болки во делови од нашите тела кои никогаш порано не сме ги забележале. Старееме.

Звучи жално, но, очигледно, не е така. Анкета на Галуповиот институт покажа дека според речиси секоја мерка, луѓето стануваат посреќни како што стареат, а истражувачите не се сигурни зошто е тоа така. „Можеби има еколошки промени“, вели Артур А. Стоун, главен автор на студијата што се базира на истражувањето, „или можеби станува збор за психолошки промени на начинот на кој го гледаме светот или можеби се биолошки - на пример, хемија на мозокот или промени на жлездите.

Со телефонската анкета од 2008 година беа опфатени над 340.000 луѓе во САД, на возраст од 18 до 85 години, на кои им беа поставувани прашања за возраста и за полот, актуелните настани, личните финансии, здравјето и за други работи. Во анкетата, исто така, имаше прашања за „глобалната благосостојба“, при што секое лице го рангираше севкупното задоволство од животот на скала од 10 поени, проценка што многу луѓе можат да ја прават одвреме-навреме, ако не на строго формулиран начин. Конечно, во анкетата имаше шест прашања со да или не одговори: Дали сте ги доживеале следните чувства во текот на вчерашниот ден: уживање, среќа, стрес, загриженост, гнев, тага. Одговорите, според истражувачите, откриваат „хедонистичка благосостојба“, непосредно искуство на лицето со тие психолошки состојби, необременети од подобрено сеќавање или субјективни проценки што би можело да ги предизвика прашањето за општо задоволство од животот.

Резултатите објавени во Записникот на Националната академија на науки се добри информации за старите луѓе, и за оние кои стареат. На глобалната скала, луѓето почнуваат на 18-годишна возраст да се чувствуваат прилично добро за себе, а потоа, очигледно, животот почнува да си поигрува со нив. Тие се чувствуваат се' полошо и полошо, додека достигнат 50 години. Тогаш се случува остар пресврт и луѓето стануваат посреќни како што стареат. Додека достигнат 85 години, тие се уште позадоволни од себе, отколку што биле на 18 години.

Во однос на мерењето на непосредната благосостојба - вчерашната емотивна состојба - истражувачите утврдија дека стресот опаѓа од 22. година натаму и достигнува најниска точка на 85 години. Загриженоста останува постојано стабилна до 50. година кога нагло паѓа. Гневот постојано се намалува од 18 години натаму, а тагата достигнува максимум на 50 години, опаѓа до 73 и повторно благо се зголемува до 85 години. Уживањето и среќата имаат слични криви: и двете постепено опаѓаат додека достигнеме 50 години, стабилно се зголемуваат во наредните 25 години, а потоа многу малку опаѓаат на крајот, но никогаш повеќе не ја достигнуваат ниската граница на почетокот на 50. години.

За луѓето што се помлади од 50 години и кои понекогаш можеби се чувствуваат потиштено, можеби има утеха. Размислувањето токму сега се чини по малку мрачно, но треба да се гледа од убавата страна: вие стареете.

(Интернешенел хералд трибјун)


#
Статијата е прочитана 1895 пати.

Испрати коментар

Од: Дони
Датум: 23.06.2010 01:28:14
Анкетата и резултатите се однесуваат на САД и слични земји. Дали нашите стечајци со над 50 години се посреќни отколку што биле порано (кога работеле и биле помлади)? Или некои од невработените што никогаш нема да стигнат да заработат за пензија? Под итно треба да се регулира статусот на непријавените работници, барем некои од нас мирно да ја дочекаат староста.
Од: Лилјана
Датум: 23.06.2010 10:05:27
катастрофа ви е е оваа можност за да испратиме коментар. Неколко пати тоа го правам и таман да го испратам коментарот.... по последната проверка.... ВНЕСОВТЕ ПОГРЕШЕН КОД. ВЕ МОЛИМЕ ПРОБАЈТЕ ПОВТОРНО.... Ама текстот ви отишол.... а времето ве притиска... и се откажуваtе.. Лош впечтолк за УТРИНСКИ, а го читам од првио број. Поздрав

Најди! во Утрински
Забава
Како дошле, така пошле
Би побегнала од сопствената венчавка
Уредничката на „Вог“ ја носеле на раце
Двапати ќе умрев од предозирање