Кајли Миног
Би побегнала од сопствената венчавка
Популарната пејачката Кајли Миног никогаш не сонувала за класична венчавка, а кога би одлучила да влезе во брак, би го сторила тоа на интимна, приватна церемонија. Мисли дека организирањето големи венчавки е многу здодевно, особено доколку си позната и вечно следена личност - како не��, откри таа во една неодамнешна средба со новинарите.
„Никогаш не сум била од оние девојки што фантазираат за венчавка. Можеби и треба да се интересирам и да се возбудувам за тој чин, но, веројатно, би побегнала од венчавката и би го направила тоа многу поедноставно, поинтимно“, рече 42-годишната пејачка, која е во врска со манекенот Андрес Веленкосо. Австралијката додаде дека нејзината венчавка би претставувала вистински дебакл поради енормното медиумско покривање на настанот, кој би предизвикал катастрофа. Затоа, да се организира такво нешто претставува вистинска мака. Но, Кајли моментално и не размислува за церемонија од таков тип.
„Сфаќам дека луѓето се љубопитни за вакви нешта, постојано се интересираат, но кога ќе ме прашате кога ќе се мажам, не можам да ви одговорам зашто, едноставно - не знам“, кажа пејачката и додаде дека досега е совршено среќна и задоволна со моменталниот изглед на својата врска. |