Хороскоп
Овен
Доколку посакате нешто, имајте на ум дека може тешко да го добиете. Тоа се однесува на љубовта и настојувањето за партнерот да падне под ваша доминација. Ова е тежок период за вас, бидејќи на партнерот ќе му биде тешко да се приспособи на вашиот бурен романтичен карактер. Затоа или променете го карактерот или партнерот.
Бик
Поседувате интересен потенцијал за изразување во сферата на љубовта, уметноста и друштвниот живот. Пречувствителноста и честата промена на расположението нема да ве држи уште долго. Искрени емоции можете да очекувате од Стрелците.
Близнаци
Планирате патување. Многумина од припадниците ја конкретизираат оваа идеја. Ви се укажува идеална можност за да ја истражувате вашата потсвест. Имате доволно материјал за работа, па затоа ова е вистински момент да тргнете во акција.
Рак
Пријателите ви се во прв план. Важно е да се чувствувате добро и задоволно. Планирате своите идеи да ги спроведете во дело, бидејќи во суштина и не сте некој кој би седел со скрстени раце. Ова е период кога ќе бидете доста насочени кон зголемувањето на финансиите.
Лав
Покрај сонцето, ова е период кога вашето срце ќе го грее силна љубов. Ќе бидете среќни и задоволни во друштво на саканите луѓе. Потребно е да си го поставите прашањето зошто се' повеќе консумирате слатки, а особено сладолед. Не грижете се, се' е в ред, само потрудете се да бидете умерени.
Девица
Ќе имате контакти надвор од земјата и тоа успешни. Бидејќи сте енергични, немојте во ниту еден момент да си дозволите да бидете пасивни. Тргнете во акција! Доколку не успеете да направите ништо креативно, барем потрудете се да му го покажете својот талент на саканото лице.
Терезија
Ова е совршен ден за љубов. Опкружени сте со лица што ве сакаат и кои наредните моменти уште повеќе ќе ви ги разубават. Што се однесува до вас, доколку се најдете во ваква атмосфера, целосно се препуштате и станувате попустливи. Но, немојте да претерате.
Скорпија
Ќе бидете насочени кон дружење, но ќе бидете и премногу чувствителни. Многу од пријателите ќе почнете да ги избегнувате, а вината ќе ја префрлите на друга страна. Не сте во состојба да преземете дел од одговорноста. Како и да е, потрудете се да ги негувате односите со луѓето.
Стрелец
Размислувајте на правилен начин. Работата ќе ви заостанува и тоа ќе ве оптоварува, но свесни сте дека за некој ден се' треба да дојде на свое место. Ова е период кога ќе имате напредок и позитивни ефекти. Плановите кои сте почнале да ги реализирате ќе имаат позитивен ефект.
Јарец
Ви се нудат поволни шанси. Оставено е на вас дали ќе ги препознаете и прифатите или ќе се двоумите. Идеална соработка ве очекува со Стрелците, бидејќи сте многу слични. Вие сметате дека сте подобри и потолерантни, а всушност сте исти.
Водолија
Имате болна состојба на телото и на духот, која се јавува повремено. Наместо да го потиснувате сето ова, пожелно е да преземете нешто поконкретно. Потпрете се на најблиските, бидејќи само тие ќе ја разберат вашата промена на здравјето. Потрудете се да го пронајдете својот внатрешен мир.
Риби
Преминете од зборови на дела. Ќе се одлучите за конкретна акција. Но, поставете си го прашањето до кога ќе ве држи оваа состојба. Бидејќи одговорот е неизвесен, мора да си поставите свое темпо. Постигнете го максимумот, заборавете на пасивноста!
|