Број 3613  петок, 24 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Втора страница

Денот започнува со „Утрински весник“ 12 години

„Утрински весник“ вчера одбележа 12 години медиумско постоење. Работното прославување беше збогатено со многубројни честитки што ги доби „Утрински весник“ од пријателите и од партнерите, но, пред се', од своите верни читатели. Честитајќи ни го роденденот, тие ни упатија искрени желби за натамошно успешно работење и објективно информирање. Дванаесеттиот роденден на „Утрински весник“ му го честитаа и ��ние што се со него од првиот број, но и читателите што подоцна го открија професионализмот во информирањето и одлучија работниот ден во иднина да им започнува со „Утрински“. Честитки стасаа и од граѓаните што не секогаш се согласуваат со тоа што е напишано на нашите страници.

„Честит роденден и така да продолжите. Гордост ми е што бев еден од читателите на првиот број на ’Утрински‘ и до ден-денес продолжувам да го читам“, вели во својата честитка нашиот верен читател Васко од Струмица.

„Ви го честитам роденденот и Ви посакувам да останете објективен, слободарски и демократски весник. Со задоволство го читам од првиот ден“, вели друг читател. За Учо од Гостивар, пак, не поминува ден без „Утрински“ и во печатена и во електронска форма. Тој посакува весникот уште долго да ги известува граѓаните на начин на кој го правел тоа и досега.

„Честито! Нека Ви се множат годините. Успеавте сиве овие години да задржите високо ниво на професионализам. Секоја чест“, гласи честитката од Игор, додека Алек пишува: „Честит роденден, продолжете како и досега. ’Утрински весник‘ е неопходен во медиумскиот простор, тоа го потврдуваат Вашите верни читатели од цел свет, со различно потекло во македонското национално милје и со најразлични ставови“.

Кон честитките од читателите се придружија и бизнис-партнерите на „Утрински весник“. Роденденот ни го честитаа „Пиварница - Скопје“, маркетинг-агенцијата „Имиџ ПР“ и други. „Останете и натаму етаблиран и сериозен производ што успева да им одолее на секакви искушенија, бидете професионални и посветени“, гласат нивните пораки.

Редакцијата на „Утрински весник“ им се заблагодарува на сите оние што ни упатија искрени честитки. Ветуваме дека „Утрински весник“ уште долго ќе остане еден од највлијателните медиуми во Македонија. Тоа им го должиме на нашите читатели. (У.В.)


#
Статијата е прочитана 1498 пати.

Испрати коментар

Од: vistina
Датум: 24.06.2011 01:24:14
Neka e srecen roden denot i vecen samo taka prodolzete najdobri ste
Од: maja
Датум: 24.06.2011 04:30:10
neka vi e sreken rodendenot pa i 100ti da slavite. mene mi zapocnuva denot so vas, drugi vesnici slabo citam veke. posebno pozdrav do rizaov i kramarska moite omileni :)
Од: Asan od Krivolaka
Датум: 24.06.2011 06:46:28
Vi ja cestitam godisninata na vaseto postoenje kako Utrinski vesnik, i ve informiram deka nema drugi kako vas! Vo sekojdnevieto na ovaa drzava veke ste faktor na koj rezimot mora da smeta i da vnimava. Vi posakuvam uste poborbena i po uspesna idnina.
Од: Davor
Датум: 24.06.2011 10:47:12
Sreken rodenden i drzete se, narodot e so vas!!! Ako ja urnat A1 uste vie ke ostanete so realno mislenje!! Samo neka vi se mnozat godinite na uspesno rabotenje!!!
Од: Nenad
Датум: 24.06.2011 15:43:17
neka vi e sreken rodendenot pa da traete mnogu godini
Од: marija
Датум: 24.06.2011 18:40:35
Neka Vi e sreken rodendenot ima sto da se procitta vo nego,no zal mi e ako ovoj mu e i posleden,neli novinarite najavuvaat strajk?????
Од: marjan.pp
Датум: 24.06.2011 19:46:40
cestitki za 12-god.rodenden,no????? sto se slucuva vo popladnevnite casovi,dali 4 e pogolem od 36,zar go cekavte ova na slavenickiot den,dali utre ke citeme U T R I N S K I ??????????????

Најди! во Утрински
Втора страница
Грците знаат кој е воинот
За името повторно се разговара во Брисел
Вербатим

"""