Број 3613  петок, 24 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Еконо��ија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Втора страница

Поглед

Грците знаат кој е воинот

Тамара Грнчароска

Дојава „Воинот на коњ“. И тоа не еден, туку два! Еден на главниот плоштад, другиот во Гази Баба. За оние што барем малку читале историја, секако, македонска, тоа е малку чудно бидејќи во нашата историја имало комити, војводи, партизани, борци, бранители, но воини - и тоа безимени? Но, добро, ние на спомениците-воини им смисливме име, онака за домашна употреба. Едниот си го нарековме (оној поголемиот) Александар Македонски - нагалено Аце, а оној другиот по татко му Филип Втори. Па, добро... и двајцата се големи луѓе од историјата (иако попознати како освојувачи и војсководци, отколку како воини), па може да си ги ставаме на плоштадите. Ама за да не ни се налутат Грците, кои ни се лутат за се', решивме да не им даваме име. И така бидна.

Но, приказната не завршува тука. Тамам помисливме дека никој нема да не разбере како си ги викаме „воините“ за домашна употреба, кога Грците, први не' „исцинкаа“ за тоа во Брисел. Па, така грчката европарламентарка Марилена Копа испратила писмо до Брисел каде што забележува дека поставувањето на скулптурата на Филип Втори и на Александар Македонски, која е именувана како „Воин на коњ“, се обид на нашата Влада за присвојување на дел од грчката историја и бара реакција од Европската комисија и Советот на ЕУ на ова. Како ли само разбрала Копа? А знае и грчкиот министер за надворешни работи. И тој не раскажал во Брисел.

Со тоа ни пропадна обидот да си го поставиме Александар на плоштад, и тоа од голем-поголем и да кажуваме наоколу дека е некој незнаен јунак т.е. воин. Сега кога сите не' разбраа, особено нашите јужни соседи, може ќе ги крстиме воините и официјално Александар и Филип. Ако плаќаме цена за нив, и парична и политичка, барем да не им ги шепотиме имињата.


#
Статијата е прочитана 2725 пати.

Испрати коментар

Од: strumica
Датум: 24.06.2011 00:08:51
Kolku i da se govori pisuva prilozi veke e kasno spomenicite se montirani, koj saka neka gi gleda i neka se gordee na "svojata" istorija, koj ne saka pogledot na druga strana i neka si svirka. Grcite mozat da se lutat kolku sakat, kako i nie da nemame pricina zosto da im se lutime. Aj sto zaradi niv ne sme vo NATO, a neli site ne tapkaat po rano i ne falat demek sme spremni za tamu, pa i samo ordeni i medali delat na nasive vojnici. Pa sega i za vo EU sme bile spremni ama pak istata maka so nasive dobri sosedi. Vo sekoj slucaj ne moze da se kaze deka parite se frleni vo voda. Vo site svetski mediumi ne spomnuvaat veke nekolku dena i toa besplatno. Kolku tolku dokazavme na EU birokratijata deka mozeme i bez niven AMIN da napravime nesto, deka do ne sme bez KICMA....
Од: Ace od Avstralija
Датум: 24.06.2011 00:11:12
Vremeto ce pokaze koj ukral i kolku. Posebno nekoj koga ce bankrotira.
Од: 3G-COOL&THE GANG
Датум: 24.06.2011 00:29:35
Abe moze da nagagaat ama ete neka puknat od maka pa ne im kazuvame kako se vika voinot. COOOOOOL ENOUUUGH!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Itar Pejo
Датум: 24.06.2011 00:35:38
Komunjarite i predavnicite. Ete tie im kazale na grcite koi se voinot na konj i tatkoto na voinot na konj.
Од: Of Lele
Датум: 24.06.2011 00:41:52
Da se znae! Kumot na Aleksandar Veliki ,sto na ,,Galeno" go krsti ,i prekrsti vo Ace[Ace golemiot,Ace maliot] predi tri godini bese, nikoj drug tuku Ljubotan -Trade Name,.Isto taka toj Ljubotan Trade Name gi prekrsti Kiril i Metodije predi dve godini vo nasi imina Kirce i Mende!
Од: mene od daleku
Датум: 24.06.2011 01:11:24
Grcite prvi ne "ne' iscinkaa" kako sto veli avtorkata na tekstot tuku toa sami si go napravivme ! Dovolno bese samo da se citaat internet i pecatenite izdanija na makedonskite vesnici za da se doznae deka vsusnost se raboti za spomenici na Aleksandar Makedonski i Filip Vtori ???!!!
Од: Ангеле Л. Вретоски
Датум: 24.06.2011 05:11:45
Тамара на кого му е гајле што знаеле Грцитее?? Спрема пишувањето на ВАС словено-славјаните ВИЕ сте вознемирени дека дојде време да се откажите од вашето словено-југословенско јаничарење. Светот знаее моногу повеќе од сите словено-славјани. Во книгите од минатото и од денешницава од: Јапонија, Кина, Индија, Пакистан, Иран, Израел, Египет, Сирија, Турција, и другите држави јасно и гласно се пишуваа кој бил Александар Македонски и кога точно Грција, Бугарија, Србија и Албанија зеле делови од Македонија. Пишуваат световните книги за сите злосторства правени во минатото и сега. Светот знае колку билиони Долари ќе загубат сите држави а не Грците кои ги имаат потрошено тие пари или префрлено во Кипарските Банки. Затоа молба престанете со пишување што знаеле или што сакаат Грците. На Грците им помина модата во цел свет.
Од: Никола
Датум: 24.06.2011 05:35:18
Ало, Франкфурт, па Грујо, мојот именик на Б92 кажа дека е Александар на споменикот, со години наназад и власта зборува за Александар, какви цинкарења какви теории на заговор ве спопаднале, па не пие светот нафта да не знае кој е воинот.
Од: dedo dimo
Датум: 24.06.2011 05:49:34
Vo svoja zemja mozime sami da odluchime na koj Makedonec treba da mu se napravi spomenik.Aleksandar nikade i nikoj ne go narekuval Grk tuku segde vo svetot e narechen Makedoneski.Toj vo Azija zavojuval mnogu zemji i sekade na vlas ostaval prav Makedoneca ne grka a za shirenje heinistika e mozno oti po porobuvanjeto na grcite za razbiranje se upotrbuval Grchki jazik ,toa e isto i so TITO vo Jugoslavija .kade shto Makedoncite i slovencite a i drugite malcinstva moraa dauchat Srpsko Hrvatski za podobro razbiranje vo drzavata i vojskata .Tito toa go prezede od Slavniot ALEKSANDAR.
Од: koce
Датум: 24.06.2011 06:15:31
i grcite ni velea nema veto pa imase veto,i nie imame voin a nemame aleksandar.aj ne se pravete na mutavi odete i zemete si ja platata od grcite. nikoj ne mu kroj kapa na makedonceto edino VLASITE vo makedonija najgolemite neprijateli.
Од: Petar Trajkov
Датум: 24.06.2011 06:42:51
До авторот на текстот. Зарем не осетивте дека најголемиот дел од граѓаните со воодушевување го прифатија споменикот? Затоа депласиран е ваков текст полн со иронија.
Од: risto
Датум: 24.06.2011 06:45:08
Pa sto ima vrska kako se vikal?Se vikal aleksandar.Mnogu drugi se krseni po nego so nadez deka ke bidat golemi kako nego.E aleksandrovci za da se stane tolku golem ne e dovolno samo imeto
Од: Даме Македонски
Датум: 24.06.2011 07:57:06
Колку за информирање на новинарката: Ќе има јавен конкурс за именување на споменикот. Народот ќе му го даде името! Има ли поубав начин цел народ да се вклучи во создавањето на овој грандиозен споменик? Името „Воин на коњ“ е работно име само за скулптурата. Целиот комплекс се состои од воинот на коњ заедно со лавовите, фалангата и фонтаната. Името може да биде: 1. „Александар на вечниот Македонски извор“, 2. „Македонија е вечна, Александар во срцата“, 3. „Александровата фонтана на вечноста“, 4. ... не сум баш поет, има подобри поетски души од мене кои ќе предложат прекрасно име. А зајадливоста во врска со работното име за скуплтурата „Воин на коњ“ ми личи на психолошката состојба „Кисело е грозјето“.
Од: cento
Датум: 24.06.2011 08:21:38
Nemoj na nekogo da mu teknalo da redi doma parket pred da go prasa komsijata! Dane vi se naluti...
Од: Maslo na BC
Датум: 24.06.2011 08:29:04
Ova e povtorno maslo na Branko i negovata tajfa. Tie izgleda im podsepnale na Grcite za koja licnost vsusnost se raboti. Inakum " naivnite" Grci ce si poveruvaa deka se raboti za obicen nepoznat " voin na konj" Ah Branko,Branko samo blji im pravis na "prerodbenicive" i novive pisuvaci na svetskata istorija!
Од: Перо
Датум: 24.06.2011 08:49:17
Ќутете да не не разберат американците дека сме крстиле имиња на улици и тие ќе стават вето. Појдете во Пловдив да го видите споменикот на Филип сигурно и нив им правеле проблеми или пак немамо кој од внатре (поткупен-шпиун) да им сигнализира.
Од: Сотир , Крушево
Датум: 24.06.2011 09:46:16
Г-ѓо /ѓице Тамара , Многу напишавте а ништо значајно не кажавте . Ако сте ,, маж ,, зошто не напишавте дека грците нема за што да се лутат. Да им напишевте дека тие немаат ексклузивит на името Македонија , зошто историјата е поинаква од пропагираната грчка. Да им напишевте дека македонците не биле грци и дека светот Алекснадар не го нарекува ,, грчки ,, туку македонски. Да им напишевте дека во гените им е да ги мразат македонцитезошто ги завзедоа нивните градови држави со војни и последици од војни. Да им напишевте дека тој македонски народ не испарил,туку низ вековите го задржал својот идентитет , се разбира со инфлуенца и на грчката култура , римската и останатите,а најмногу со словенската. Ете затоа и ние имаме право на името македонско ,и никој нема право да ни го искорени тој македонски идентитет. А за тоа дека ние имаме поголемо право да им се лутиме на грците за нивните неразумни блокади и што не' држат во сиромаштија 20 години , немате храброст да напишите
Од: Трпе
Датум: 24.06.2011 10:04:27
Без разлика како ке се именуват мегаломанските споменици на мистер мр Рејтинг.Во секој случај најголем губитник е обичниот македонски граганин.Кажуват дека овие споменици ке донеле голем број на туристи.Дали ке се исполни ова,времето ке каже.Ако некој има излезено од нашиот резерват,сигурно има видено и чуено како објаснуват водичите на туристите.Оваа и ова се од оваа и ова време ,од времето на владеењето на овој и овој.А кај нас ке трчат да видат што изградил во 21 век нашиот владетел,за во нивните земји да не дозволуват да се прават вакви капитални грешки.
Од: a_nesto
Датум: 24.06.2011 10:49:58
Тотални глупости, малтене ќе сме ја иритирале Грција и ЕУ, ма немој. Господа, ние дваесетина години немавме изградено ниту еден споменик а сепак бевме уценувани и условувани од Европа и Грција да го промениме името. Вие како да заборавате дека проблемот е наметнат од Грција далечната 91 година, тогаш ниту имаше, ниту се градеше споменик на Александар, ниту пак се имаше во предвид такава работа. Но пак бевме и сме БЈРМ. Многу брго заборавате. Ако го прочитате мојот коментар Ве молам да размислите со вашите глави.
Од: ПАЗАРЏИЈА
Датум: 24.06.2011 10:58:41
Не ми е јасно ??? Зошто на балканиве толкава борба за Аце, кога бил Варварин, Многубожец и Виножитен.
Од: ivo
Датум: 24.06.2011 12:05:11
Edno e samo tocno! Mitovite ziveat, mitovite se prenesuvaat! Tie se koristat i vo politikata, i vo socijalno-duhovni nameni, i vo kulturata, i vo tradiciite, i vo vecnata dilema koj kogo pobedil megju osvojuvacite i osvoenite, porobuvacite i porobenite, izmamuvacite i izmamenite...! Se koristat i za finansiski profit, za finansiski zloupotrebi, za perenje pari i sl.! I najgolemiot vajar Fidiya (Fidias) od atinjanite bil obvinet za nesoodvetno trosenje pari za negovite dela! Mitovite isto kako sto setaat, taka i se preimanuvaat, mutiraat! Nekade ke ja sretnete Izida na parite, nekade ke ja vidite kako Mojra, nekade kako sestra ili zena na Oziris! Venera ke ja sretnete kako Minerva, Zevs kako Jupiter itn,itn! I sto e vo seto toa sporno? Istoriskata vistina, sekako deka e sporna! Ne e sporno deka e napraveno toa i toa! Ne e sporno ni deka zavisno od vkusovite i poznavanjata , sekoj ima svoj stav sprema deloto!,no vredi li tolku pari i diskusija?Moze vredi?!
Од: Nekoj
Датум: 24.06.2011 13:19:02
I sto ako znaat?
Од: goc
Датум: 24.06.2011 13:55:04
Da imam moznost sekoj den ce gi iritiram Elinite i domasnite predavnici na celo so Frceto
Од: Janakiev Nikola
Датум: 24.06.2011 14:31:20
Kole24.6.2011god. Tamara ti pises sto ti misles da treba da se napise Normalno na nekoj muse svega nanekomu ne. Na menese sviga komentaro na Sotir od Krusevo i na Koce.Pogolem broj od Vlasite se glave most megu grcite srbite.
Од: С.Малински
Датум: 24.06.2011 15:02:12
Да пукнеш од кај грбот,народот кука како едвај преживува а власта гради споменици и триумфални капии, наместо да создава можности за вработување или најелементарни неопходности.За власта ,знаме дека се "итри" и тоа е начинот да се офајдат за навек и за внуци - преку ноќ, но не ми е јасно за "дежурните" букачи кои слепо го подржуваат јавашлукот на власта кој може да биде погубен за државата ни . Сететесе на повикот од " војводата" за Солун!!!!!
Од: zelezara
Датум: 24.06.2011 17:16:34
Koj nema segasnost i idnina,bara uteha vo minatoto
Од: Petar Veliki
Датум: 24.06.2011 19:21:23
море ова ништо не е, се лее уште поголем споменик на Филипчо 2, ке го постават до црквата св.Димитрија
Од: vasco beleski
Датум: 24.06.2011 23:47:35
pocituvani makedonci vreme e da bideme gordi na naiste predci i na nasata taktovina, bidete srekni deka nekoj misli i na vas ama vreme e da pocnete toa i vie...recete so sakate ama uste ne sum go videl spomenikot a veke zabrzano mi cuka srcevo i edno e sigruno makedonija tvoeto vreme doaga....

Најди! во Утрински
Втора страница
За името повторно се разговара во Брисел
Вербатим
Денот започнува со „Утрински весник“ 12 години

"""