Возачот на Тоше остава судот да му ја реши судбината
Ѓорги Ѓорѓиевски низ солзи рече дека по смртта на својот најдобар другар, му останала само заедничката фотографија
Љубиша Станковиќ
„Жалам за она што се случи. Го изгубив најдобриот другар и пријател“, рече вчера Ѓорги Ѓорѓиевски, возачот на „туарегот“ во кој пред речиси три години загина македонската музичка ѕвезда Тодор Проески. Задушувајќи се во солзи, тој рече дека од својот најдобар другар му останала само една заедничка фотографија, која ја покажа во судницата, и остави на судот да одлучи за неговата судбина.
По три одложувања во Апелациониот суд во Скопје, вчера се одржа Јавна седница по жалба на пресудата со којашто скопскиот Кривичен суд го осуди Ѓорги Ѓорѓиевски на казна затвор во траење од две години за несреќата што се случи на 16 октомври 2007 година, кога во близина на Нова Градишка загина Проески.
Седницата започна со читање на првостепената пресуда, која беше изречена на 21 октомври 2009 година, на која и одбраната и Јавното обвинителство вложија жалба по однос на висината на казната.
Образложувајќи ја својата жалба, Силвија Џилвиџиева, адвокатка на возачот Ѓоргиевски, говореше за направени повреди во постапката, нагласувајќи дека согласно со хрватскиот Закон за сообраќај на патиштата, во вакви случаи, се изрекува многу поблага казна, којашто се оправдува со болката и повредите што му се нанесени и на обвинетиот. Таа побара, доколку првостепената пресуда не биде укината, обвинетиот да биде ослободен или да му се изрече алтернативна казна.
Според Џилвиџиева, Ѓорѓиевски цели шест години катадневно другарувал со Проески, а кога разбрал што се случило со него, уште кога била на лекување во Нова Градишка, се обидел да си го одземе животот. Адвокатката рече дека агонијата на обвинетиот трае речиси три години и дека тој подолго време е на лекување на Психијатриската клиника во Скопје.
Јавниот обвинител Коле Штерјов му сугерираше на Судскиот совет да биде одбиена жалбата на одбраната. За него пресудата ниту не е нејасна ниту е неразбирлива. Тој побара пресудата да не биде укината, бидејќи во иднина тоа ќе претставува репер на кои ќе се повикуваат странки, во некои идни вакви случаи.
Претседателот на Судскиот совет, судијата Исмаил Лимани, рече дека одлуката ќе биде донесена во законски предвидениот рок.
Ѓорги Ѓоргевски, како возач на „туарег“, во којшто освен трагично загинатиот Тоше Проески беше и неговата менаџерка Лилјана Петровиќ, беше обвинет за сообраќајната несреќа на автопатот Белград - Загреб.
Како што Тоше Прески блесна и не само на македонската сцена со сета дарба, питом лик и извонредна личност, така и Судот треба да блесне, изнајде начин, оваа трагедија за сите нас, а најповеќе за неговите родители и не помалку за неговиот најверен другар Ѓорѓи Ѓоргевски, да пресуди условна казна. Впрочем, тоа беше сообраќајна несреќа за сите нас. Сите ние жалиме. Да го оставиме Тоше голем, возвишен, достоинствен, човекољубец, кој не сакаше сите нас, да не додаваме ништо што можеби и тој не го посакува, да го заматиме.
Од: Torbes_Italy
Датум: 10.07.2010 13:18:39
Ako soferot na pokojniot Tose se dokaze deka nesrekata dosla od red drugi pricini a ne sto namerno sakal da go ubie,togas zosto damu se sudi sto kar soferot ima sega od ovaa nesreka,razberete deka i nemu nemue lesno.ciao
Од: t....... Nikogash dosega ne sum komentiral nieden edinstven zbor posle strashnata tragedija...sega osekam nekoja 'potreba' najmnogu zaradi Gj.Gjorgievski
Датум: 10.07.2010 15:40:02
DO CELOVKUPNATA JAVNOST na R.M. : Shto ako, po bilo koja sluchajnost se slucheshe, chlen od semejstvoto Proevski vo toj koben moment da beshe zad volanot na Tuaregot...??! Ke Ve molam... !!! DO GJOLE - DOKAZANIOT DRUGAR NA NASHIOT ANGEL TOSHKA :Neznam i ne go komentiram eventualnoto amnestiranje,no znam sigurno deka od sudbinata beganje nema... P.S.Ako e nekoja "uteha" za tebe Gjorgi,sega vo ovoj moment ti vetuvam, pokraj zaednichkata fotografija so Toshe vo skora idnina ke se pogrizam da ja dobiesh i excluzivnata video snimka kade pregrnati - glava do glava i vie dvajca zaedno peete pratejki go nastapot na Martin Vuc'ik (hot."Biser"-izbor na MIS/2005 kade gostuvashe i Severina-kolku da te potsetam)... Siguren sum deka se sekavash...Samo pogrizi se da ja dostavish tvojata potpolna adresa vo redakcijata na Utrinski Vesnik, pozz. i hrabro...