Затвореник побегнал по операција
Затвореникот Енис Васви Асанов од Радовиш вчераутро околу 5 часот побегнал од штипската болница, каде што бил опериран од слепо црево, соопшти Управата за извршување санкции.
Асанов е осуден на казна затвор во вкупно траење од една година и два месеца за тешка кражба. Поради воспаление на слепото црево, пред една недела бил примен во болницата во Штип, каде што му била извршена операција. Тој вчера побарал од надзорниците да оди во тоалет. На враќање го удрил чуварот по главата, го скршил стаклото на вратата на помошниот влез во болницата и побегнал. (Х.Р.) |