Број 3329  сабота, 10 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Хроника

Старите книшки за пенали не важат за новите возачки дозволи

Возачите што имаат возачки книшки, а им истекува дозволата, мора да набават и нова книшка

Горан Адамовски


Пријава за издавање возачка книшка, две фотографии со димензии 3,5 х 4,5 см и лична карта задолжително носете со себе кога ќе поднесете барање за продолжување на возачката дозвола. Дури и во случај пред неколку недели или месеци да сте извадиле возачка книшка, во која се впишуваат негативни поени за помали грешки во сообраќајот, таа нема да важи со новата возачка дозвола. Секоја возачка дозвола си има еквивалентна книшка, која чини 100 денари.

Граѓаните негодуваат што треба повторно да ја минат истата процедура.

„Пред два месеца, полицајците ме казнија зашто возев без сигурносен појас. Ми објаснија дека казната е 20 евра или 10 негативни поени. Се одлучив за втората алтернатива. Извадив книшка и ми ги впишаа пеналите. Набргу ми истекува возачката дозвола, па кога ќе ја продолжам, одново ќе треба да вадам и нова книшка. Зошто пак да се малтретирам“, прашува еден наш читател.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека станува збор за логична работа. „Согласно со важечките законски прописи, при менување на возачката дозвола, задолжително е да се замени и книшката, бидејќи бројот на возачката дозвола е поврзан со возачката книшка“, објаснуваат од МВР.

Опцијата „пишете ми негативни поени само да не платам со пари“ важи кај казните за помали прекршоци, односно за оние чија висина не е поголема од 45 евра, како што се за возење без појас, возење без светла, зборување на мобилен телефон при возење...

Возачите што ќе се одлучат за оваа опција, се должни да ги извадат книшките во Управните служби на МВР и потоа во рок од 38 дена од впишувањето на казната да ја однесат во која било полициска станица, каде што ќе им бидат впишани поените.

Граѓаните не смеат во рок од три години да добијат 100 или повеќе поени, бидејќи, во спротивно, ќе им биде одземена возачката дозвола и две години немаат право на полагање. По три години, негативните поени во книшката се бришат. Граѓаните што не се казнети, немаат потреба од набавување возачка книшка, но, секако, ќе треба да ја извадат кога ќе аплицираат за продолжување на важноста на возачката дозвола. Книшките по автоматизам ги добиваат и возачите што добиваат возачка дозвола прв пат.


#
Статијата е прочитана 1057 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Возачот на Тоше остава судот да му ја реши судбината
Затвореник побегнал по операција
Стружанец ја претепал девојката