Стружанец ја претепал девојката
Петнаесетдневен притвор доби 19-годишниот Г.С. од Струга. Според МВР, тој пред неколку дена крвнички ја претепал својата 24-годишна девојка од Охрид. Инцидентот се случил пред зградата во Охрид, каде што живееле девојката. Како последица на ќотекот, таа се онесвестила. Г.С. ја ставил во својот автомобил и заминал за Горна Белица, но откако увидел дека девојката се наоѓа во тешка состојба, се вратил назад и ја однел во болница. Надлежните велат дека охриѓанката се здобила со фрактура на носот и на долната вилица, хематоми на рацете и на нозете, а се' уште се наоѓа на лекување во тамошната болница. (Г.А.) |