Број 3335  сабота, 17 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Кој дели најжешки дивиденди?

Најголем број компании исплатуваат само 30 отсто
од добивката како дивиденда, а „Телеком“ дури 90 отсто

Соња Маџовска


Мал е бројот на компаниите во земјава што делат дивиденда. Во принцип, дивидендите во услови на неликвидноста на пазарот се многу значајни за инвеститорите при донесувањето одлука каде да ги вложат своите пари, велат берзанските аналитичари. Дел од нив, пак, имаат спротивен став и сметаат дека дивидендата игра многу мала улога во раздвижувањето на пазарот на капитал. Според аналитичарите, тоа се потврдува и со податокот што во периодот од објавувањето дека одредена компанијата ќе подели дивиденда, па се' до последниот ден на тргување со право на дивиденда, немало поголем интерес за таа акција.

Најголем дел од компаниите се решаваат 30-40 отсто од профитот да го исплатат за дивиденда, а останатиот дел да го инвестираат во развој на компанијата.

За разлика од нив, „Телеком“ дури 90 отсто од добивката ја исплатува како дивиденда. „Македонски телеком“ на акционерите годинава им подели дивиденда остварена од ланскиот приход на компанијата во бруто-износ од 105,2 милиона евра, или 60 денари по акција. Убав дел од колачот зема и државата, која поседува 34,81 процент од акциите во „Телеком“, па таа од вкупниот бруто-износ доби околу 41 милион евра.

„Оние компании што имаат политика на исплата на дивиденда се поатрактивни за инвеститорите, отколку оние што не делат. ’Телеком‘ е компанија што дели најголема дивиденда, или таа како дивиденда исплатува над 90 отсто од вкупната добивка што компанијата ја остварила претходната година. Банките најчесто делат од 30 до 40 отсто од добивката како дивиденда, а останатиот дел го инвестираат во развој на банката, односно за докапитализација. Голем дел од компаниите не делат дивиденда, оти така решава нивниот доминантен сопственик, бидејќи таа компанија не ја доживува акцијата како параметар на успешност. Оваа година во Македонија дивидендниот принос на акциите се движеше во просек од шест до седум отсто“, вели Горан Марковски од „КБ публикум инвест“.

Други, пак, сметаат дека инвеститорите не се водат од дивидендата што ја исплатуваат компаниите, туку поголема предност и' се дава на капиталната добивка. „Периодот на исплата на дивиденда, а тоа е април-јуни, е карактеристичен по тоа што се забележува поголема ликвидност кај оние друштва што исплатуваат дивиденда. Најчесто тоа е период и кога доаѓа до раздвижување на цената на акциите, односно поради зголемениот интерес за купување акции доаѓа до пораст на цената. Доколку инвеститорот сака да го реинвестира износот од дивидендата во купување акции, тоа повторно има позитивно влијание врз тргувањето“, велат од Македонска берза.

„Алкалоид“, Комерцијална банка, Стопанска банка Битола, „Гранит“, „Топлификација“, „Скопски пазар“, „Фершпед“, „Реплек“, „Македонија турист“, се дел од компаниите кои котираат на официјалниот пазар на Берзата и годинава исплатија дивиденда. „Алкалоид“, на пример, годинава реши да исплати 38,7 отсто од ланската добивка како дивиденда, а таа изнесуваше 150 денари по акција, или 3,9 отсто е приносот од дивидендата во однос на цената на акцијата, која во моментот на исплата ја имала, а таа била 3.900 денари за акција. Комерцијална банка исплатила 31,8 отсто од добивката како дивиденда или 170 денари по акција, а приносот од дивидендата бил 5,5 отсто од цената на акцијата, која изнесувала 3.106 денари на денот на исплатата. Стопанска банка Битола, пак, поделила дури 85,1 отсто од ланската добивка како дивиденда, или 180 денари по акција, а приносот бил 7,1 отсто од цената на акцијата на берза, која изнесувала 2.550 денари. „Македонија турист“ исплатила 39 отсто од добивката на име дивиденда, или 176 денари по акција, што е седум отсто од цената на акцијата, која изнесувала 2.522 денари. „Фершпед“ поделила 19,4 отсто од добивката, но секој акционер доби по 1.680 денари по акција, што е 3,7 отсто дивиденден принос. НЛБ Тутунска банка, пак, котира на редовниот пазар и нејзините акционери имаа десет отсто дивиденден принос на а��циите.

Инаку, пред извесно време Управата за јавни приходи донесе одлука да не се оданочува износот на делот од добивката што фирмите го распределуваат за исплата на дивиденди кон правни лица и резиденти на државата. Ова, сепак, не важи и за физички лица. Оданочување и натаму има на распределената добивка во вид дивиденда што се врши кон физички лица и кон нерезидентни правни субјекти.


















#
Статијата е прочитана 1903 пати.

Испрати коментар

Од: Mimi
Датум: 17.07.2010 00:59:35
Pa normalno ke deli dividenda 90% koga Telekomot znae kako da go operdasi narodot i da ima uste pogolema dobivka. Zalno e sto narodot veke se plasi da fati telefon vo race, kako da e nekoj luksuz a ne potreba za komunikacija. Kako sto e prikazano vo Makedonija tece med i mleko. No toa ne im e vazno na onie koi se tapaciraat preku parite na graganite koi edvaj prezivuvaat. Zatoa vo Telekomot se vrabotuvaat samo deca na "vidni" luge koi se na vlast. Zosto nivnite deca da se macat koga moze lesno da se bogatat. Uste so ne dozavrseni fakulteti se vrabotuvaat i dobivaat rabotno mesto kako menadzeri.
Од: jovan
Датум: 17.07.2010 10:26:14
Baska i vo Upravniot odbor clenuvaa sinovi i kerki ma "poznati" tajkuni(lopovi)
Од: pero
Датум: 17.07.2010 11:35:14
Зошто годинава наи ме даноци место 10% земаат 20%? Што ќе е догодина, 30%. Вака ќе развиваат акционерство? Ќе се врати времето кога парите ќе се кријат под перница. Прво државата зема околу 40% од бруто платата, па уште 18% за ДДВ, па за даноци на имот, камати, дивиденди... За народот кој работел за тие приходи, остануваат трошките!!! И ме чуди колку глатко помина промената, никој глас не крена.
Од: ne e bitno
Датум: 17.07.2010 15:37:41
Najgolemi dividendi delat monopolite i lihvarite. Za ova e treba mnogu mozok da se razbere. SE dodeka ste nadvor od EU nema da imate kontrola nad pazarot vo nikoja oblast. So sreka.
Од: Nacko
Датум: 18.07.2010 01:38:57
Ke delat uste nekolku godini, duri se zivi dedovcite, babite, cickovcite i tetkite po stranstvo. Posle niv, vladata tuka ke ima eden kup socijalci.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
МАНУ умира тивко
„Партизанска“ - булевар на стравот
Најсекси жена на светот
Загреб виа Скопје
Надоаѓа време за избори
Шпионката што беше британска снаа
Купи три килограми домашна пченица за да увезеш еден
Сефте со 40 тони пиво и скара
Вре��е на штедење
Македонија доби екстра-недела за Деловникот
Од притвор веднаш на „Богот на масакрот“
Пет сантиметри повеќе!
Кирил Џајковски и филмот за Тоше - адути на „Демофест“ во Бања Лука
Запрено истекувањето нафта