Број 3335  сабота, 17 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Кристина Хендрикс

Најсекси жена на светот

Огнената црвенокоса актерка го сврте вниманието врз себе со улогата на агилната и борбена секретарка Џоан Халовеј, во сега веќе култната серија „Момците од Медисон“. По бројните помали телевизиски улоги, 35- годишната Кристина Хендрикс сега е толку популарна, што добила и своја Барби- верзија, која „Мател“ ја издаде во колекционерска серија за големи девојки, по цена од 75 долари. Освен тоа, магазинот „Есквајр“ ја прогласи за најсекси жена на светот и тоа според анкета спроведена меѓу Американките (момците овојпат беа исклучени), а Хендрикс со 30 одсто гласови ги победи Меган Фокс и Зое Салдана.

Кога започна да се емитува „Момците од Медисон“, машкиот дел од публиката веднаш ги регистрираше нејзините повеќе од бујни гради, токму како и заоблениот задник. Момците не се бунат, зашто очигледно им е доста од испиените модели од насловните страници, на кои можат да им се избројат сите коски на телото со еден поглед, а жените уште помалку се бунат. Кристина Хендрикс стана најголем американски секс- симбол, по трагите на расната убавица Мерилин Монро, спротивстваувајќи се со својата бујна силуета на стереотипот на суварките. Талентирана, со двете нозе на земја - може ли да има подобра реклама за модерниот Холивуд?

Медиумите големо внимнание посветуваат на нејзиното тело, а мора да се призне дека е вистинско олеснување да се види некој на малите екрани со нормални облини. И додека многумина ги критизираат фустаните што ги носи на доделување на наградите и кои откриваат премногу ( како што беше случај со фустанот со боја на праска, на доделувањето на наградите „Златен глобус“, Хендрикс признава дека таквите коментари ја потикнале повеќе да се грижи за својот имиџ, но дека од нешто нема да се откаже.

-Се чувствувам и изгледам како жена и никогаш не сум сакала, ниту ќе се обидувам да ги изгубам килограмите. Си ги сакам!- духовито, но со цврста намера вели Хендрикс.

„Таа е толку многу жена“- вели нејзиниот телевизиски колега. Освен што импресионира со својот изглед, Хендрикс во споменатата серија воодушевува и со своите ставови. Дејството на серијата е сместено во 60-те години на минатиот век и фокусирана е на професионалните и лични односи во една агенција за огласување. Времето на сексизам, лични и професионални манипулации, сексуално искористување (навистина, сето тоа го има и денес), во кое жените само што почнуваат да остваруваат самостојност, а контрацепцијата била табу- тема - ликот на Џоан Халовеј предизвикува да биде сакан, зашто за се' има јасно мислење, а не се плаши ни да им одговори на своите машки колеги, не ретко парализирајќо ги. Не е ни чудно што по првата сезона, се појавија сајтови на темата „Што би направила Џоан Халовеј?“, со нејзини најдобри цитати и совети. Како што вели самата Хендрикс, за оваа улога се подготвувала детално проучувајќи ја книгата на Хелен Гарли- Браун, „Сексот и сингл- девојка“, своевиден предфеминистички водич, објавен во 1962 година, кој станал инстант- бестселер и се задржал на врвот на топ- листата речиси цела година. Како жените дочекувале машки гостин пред четири децении? Бидете сигурни дека во бањата имате подготвено посебна крпа и цигара. Во случај декој да сака да запали една, нели..

По четири сезони на емитување, едно е сигурни - Кристина Хендрикс и нејзината Џоан Халовеј, која јасно дава на знаење дека секси- облеката и заведувањето во канцеларија се дел од преживувањето, но дека со неа не можете да си играте, влијаеле на денешната мода. Фустаните со принт и тесните здолништа, што ги носат секретарките предизвикале вистинска помама, па и новата колекција на „Прада“ за есен/зима 2010 е инспирирана од споменатата серија. Токму Хендрикс може да се види во јулското издание на магазинот “Делта скај“, а модни додатоци и гламурозен мејк - ап носат и на насловната страница на „ЛА Тајмс магазинот“, во едиторијалот кој се состои од нејзини фотографии, снимени исклучиво во среден план, кои ги истакнуваат нејзините прекрасни усни, секогаш во црвени тонови, како и беспрекорниот порцелански тен.

Подигнатите гради, истакнатата личност, чувство за стил и мерка без скандалозни написи во таблоидите - Кристина Хендрикс се чини не е само минлив тренд.


#
Статијата е прочитана 1547 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
МАНУ умира тивко
„Партизанска“ - булевар на стравот
Загреб виа Скопје
Надоаѓа време за избори
Шпионката што беше британска снаа
Купи три килограми домашна пченица за да увезеш еден
Сефте со 40 тони пиво и скара
Време на штедење
Македонија доби екстра-недела за Деловникот
Од притвор веднаш на „Богот на масакрот“
Пет сантиметри повеќе!
Кој дели најжешки дивиденди?
Кирил Џајковски и филмот за Тоше - адути на „Демофест“ во Бања Лука
Запрено истекувањето нафта