Број 3335  сабота, 17 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

МАНУ умира тивко

Билјана Јовановска

Bладата на Никола Груевски ама баш воопшто не е загрижена за развојот на македонската научна мисла. Да беше поинаку, не ќе се дозволеше највисоката научна институција - Македонската академија на науките и уметностите да падне на толку ниски гранки, финансиски, и да нема средства за организирање научен собир посветен на 1.100-годишнината од успокојувањето на св. Наум. Собир на кој ќе ги поканеа своите колеги академици за чествувањето да биде онака како што личи.

Најмудрите глави, поточно оние што се занимаваат со овој период од нашето минато, мораше да се задоволат со трошки. Односно, со свечена седница во охридска „Уранија“, на која малку, колку да не е без ич, проговорија за св. Наум. Организацијата беше буквално преку колено - на академиците им беше речено дека МАНУ нема ни за дневници ни за бензин. Да се снајдат кој како знае и умее, односно оние што имаат станови или куќи во Охрид да си преспијат дома. Преку ноќ, на Владата, која располага со државните, нашите пари, и' снема средства за вакви „расфрлања“! А резилот за државата и за сите нас да биде поголем, истата Влада иницираше 2010 година да биде посветена токму на овој светител, бидејќи се навршуваат 1.100 години од неговата смрт.

Дали со ова по којзнае кој пат власта им испрати јасна порака на соседите и на остатокот од светот дека ние и не држиме којзнае колку до нашите словенски корени, па бујрум - кој сака нека си го чествува. Ние, за такви луксузирања немаме пари, бидејќи ги вложивме во „недвижен имот“, 25-тонски споменици и слични „дреболии“. На св. Наум, нели, Владата му се оддолжи. Демек, некој од новите, анонимни вајари, му направи споменик на светителот, заедно со св. Климент, кои, исто како и св. Кирил и Методиј, не е јасно зошто, ама се отфрлени од центарот каде што ќе бидат поставени главните „фаци“. Точно, ставени се кај Ибни Пајко, од другата страна на Камениот мост и, намерно или не, ама ќе му го вртат грбот на Александар Македонски.

Од ден на ден станува се' поочигледно дека власта не е заинтересирана за МАНУ. Мудреците одмолчија кога тоа од нив не се очекуваше, а некои побрзаа да ги дадат своите потписи на поддршката на Ѓорѓе Иванов за претседател на државата... Во меѓувреме, Груевски издаде налог за „одоброволување“ на академиците со зголемување на месечниот надомест од 15.000 на 30.000 денари и, за волја на вистината, тие не брануваа за скандалозната енциклопедија онолку колку што би го направиле тоа нивните колеги од светот. Бидејќи, нема пример, некоја светска академија една деценија да подготвува енциклопедија, да ја објави и десет дена по промовирањето на „капиталното дело“, како што онака, на непрочитано, го нарече премиерот Груевски, да биде повлечена. По ова, МАНУ директно може да си најде место во книгите од типот „Верувале или не“.

Но, во Македонија, неколку години се' е можно, па и поигрување со науката и академиците. Како поинаку да се наречат бедните 0,2 отсто од БДП колку што Република Македонија издвојува за науката и по ова го држиме неславниот рекорд, како последно рангирана држава во Европа. И тој тренд продолжува и во време кога на секој нормален граѓанин му се крева косата на главата од безумното арчење буџетски пари за споменици, триумфални порти, музички фонтани, коњаници од кои нема да може да се разминеме...

МАНУ буквално згаснува. Владата е заинтересирана само за отворање некакви сомнителни факултети, во секое второ населено место, наспроти укажувањето на претседателот на Академијата, Георги Старделов, дека во време на невидена експанзија и дисперзија на универзитетското образование „тешко е да се замисли вистинско високо образование без развиена наука“. И, нормално, овој апел не допре до кабинетот на Груевски, исто како што се оглушуваат и на сите критички забелешки за статусот на македонската наука, кои јасно се набележани во извештајот на Европската комисија. Во стилот - кучињата лаат, карванот минува... И никому ништо.


#
Статијата е прочитана 1769 пати.

Испрати коментар

Од: Ace od Avstralija
Датум: 17.07.2010 04:15:24
MANU treba da zgasne. Kako i SDSM. Dve najgolemi zla na Makedonija. Vo Avstralija, Anglosaksoncite se "topat" i gordeat so 40,000 godini Aboridzinskata kultura i istorija, a tamu za nekoj grcki gros, zabranuvate Makedonci da se poitovetuvaat so staro makedonska kultura i istorija (pa makar da se i pravi "Makedonski" Sloveni), na koja sekoj ako se custvuva ima pravo da se slavi, makar da e bilo koj i kade vo svetot.
Од: Za sitni pari
Датум: 17.07.2010 09:56:50
Sramno i ponizuvacki e za akademicite da padnat na toa nivo da Gruevski gi kupi so pokacuvanje na mesecniot nadomestok od 15.000 na 30.000 ,pa se postavija vo servilna polozba. Dava potpisi za podrska na Pretsedatel, dozvo0lija branenje na magisterski trud na Premierot vo MANU, so nivno masovno prisustvo, se vpletkaa vo dnevnopoliticki nastani, izdadoja enciklopedija po poracka na Vladata , koja pokasno moraja da ja povlkecat, voopsto ne reagiraat na mnostvoto pogrezni potezi i gafovi na vladata, kako sto e antikomanijata, negiranje na slovenskite koreni, akcijaski graditelni zahvati po primerot na Skopje 2014 i sl, nacinot na izbor na novi clenovi na MANU so selektivni lobiranja. Ednostavno si go prodadoja kredibilitetot, integritetot , dostoinstvoto i etikata za sitni pari, a so toa sami si go urnisaa ugledot.A koga ednas ce se prodades i si go turnes ugledot istiot tesko se povraca.
Од: 3G
Датум: 17.07.2010 10:38:23
Srceparatelnost po koja ni Jelena Krleusa ne bi mozela po potresno da gi dopre srcata na akademicite. Potkrepeno i so ne pomalku srceparatelno fakti-zamislete sveti Naum od drugata strana na Vardar svrten so grb kon neslovenite Aleksandar, Goce, Cento i t.n. Nedostasuva samo povikot na vozdot Crvenkovski i MANU da jurne protiv antislovenskata vlada. Sto se odnesuva do kvalitetot na studiranjeto, sudejki spored nivoto na studentite od neposrednoto mi opkruzuvanje, mnogu izvesno e deka ona malku preostanato vino vo voda ke go pretvorat a nisto cudno i vodata vo otrov. Iskreno sum uzasnat od brzinata na konsumiranje akademski(i toa magistarski) diplomi od povtoruvaci vo sredno(NO clenovi na sdsm).
Од: sladj
Датум: 17.07.2010 16:53:38
celata drzavaicka ni umira pompezno..so bahanalii i razvrat, sto politicki sto finansiski
Од: ne e bitno
Датум: 17.07.2010 17:21:26
Mene najmnogu mi preci sto vo Mk se uste postoi tezata "uci za da ne rabotis". Dragi moi ova e sosema pogresno a i ne funkcionira vo sistem kon koj tezeneete-kapitalizam. Treba prvo da si ja potpevnuvate "raboti za da naucis". Plus, skoloto ne e tesko, niti pak e tesko da se stane mr ili dr. Rabotata e nesto treba da se sraboti. Vam vi falat luge sto ke se istaknat so rabota, a ne so ucenje. Akademski uspeh se vrednuva na fakultet, vo zivotot se vrednuvaat delata koi treba da bidat rezultat na toa deka nesto ste rabrale. A sto treba da raberete? Pa pak toa: raboti za da naucis. :D Toa e, ama vo zemja na cudata kako Mk, "vazen" se stanuva kolku poveke imas akademski tituli iako nitu nesto znacajno ne si postignal vo zivotot :D
Од: petre
Датум: 17.07.2010 17:24:34
da se raspusti ovaa institucija i da se postavat novi luge koi ke rabotat za dobroto na Makedonija-vo evropa nema nisto ni knizence za Makedonija ,a kamoli nesto poseriozno-ovie starci rabotat samo za svojot dzep -ako ne znat neka ucat od komsiite za da naucat kako se prezentira drzavata nadvor od Makedonija.zalno no vistinito.
Од: Itar Pejo
Датум: 17.07.2010 17:26:49
Toa i go zasluzile akademicite, tie sto se redea za avtogram vrz epohalnoto delo na magisterot po stranski investicii. Tie sto Pasko gi vrti okolu maliot prst. A gledajci go intelektualnoto nivo na podrzuvacite na vlasta, normalno e deka taa ne se interesira za nauka. A sto ce im e nauka. Sami pocnaa da pisuvaat istorija i ekonomija. Sega mozat da preminat i na fizika i matematika. Zatoa sto pobednikot ne ja pisuva samo istorijata, pisuva se.
Од: Tome Stojanovski,dipl.el.ing.62god.tel.20 41 586
Датум: 17.07.2010 19:47:56
Sto poseale,toa i ke zneat !

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
„Партизанска“ - булевар на стравот
Најсекси жена на светот
Загреб виа Скопје
Надоаѓа време за избори
Шпионката што беше британска снаа
Купи три килограми домашна пченица за да увезеш еден
Сефте со 40 тони пиво и скара
Време на штедење
Македонија доби екстра-недела за Деловникот
Од притвор веднаш на „Богот на масакрот“
Пет сантиметри повеќе!
Кој дели најжешки дивиденди?
Кирил Џајковски и филмот за Тоше - адути на „Демофест“ во Бања Лука
Запрено истекувањето нафта