Број 3395  четврток, 30 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Економија

Кој останува со бугарска кола, ќе вози со страв

Овие возила изгледа ќе останат бугарски, бидејќи нивните газди не сакаа да им извадат македонски лични карти

Александрија Стевковска

Одбројува часовникот за увоз на возила со стандардите ЕУРО 1 и за пререгистрација на увезените стари возила. Тој што го фати рокот, го фати. Останатите, ако се затрчаат, може да го искористат денешниов ден за регулирање на статусот на своите автомобили и странските регистрации да ги заменат со македонски.

Проблем за старосната граница за увоз на возила никој не прави, но се проблематизира пререгистрацијата, која за многумина е прескапа или непотребна.

Лицата кои, сепак, ќе решат да не ја испочитуваат законската обврска за пререгистрација, веќе од утре ќе ги возат автомобилите со страв, молејќи го бога да не ги фати полиција. Помалку храбрите, пак, кои немаат пари или имаат инает да не ги легализираат возилата, најверојатно, ќе ги чуваат во гаража и само ќе им ги покажуваат на роднините и на соседите, бидејќи тоа е единствен начин колите да не им бидат одземени од страна на државата.

На терен, во пет минути до 12, веќе се чувствува раздвиженост и се прави се' за увезените стари возила од Словенија, Германија и од другите западноевропски земји да влезат во правниот систем на државава. Бугарските возила изгледа ќе останат бугарски, бидејќи нивните сопственици не пројавија којзнае колкав интерес на своите коли да им извадат македонски лични карти. Ова значи дека илјадници возила со странски регистарски таблички, пред се', бугарски, ќе продолжат да циркулираат по патиштата низ Македонија и по рокот за нивна пререгистрација, кој завршува денеска. Процените се дека од околу 50.000 возила со странски регистарски таблички, најголем дел се со бугарски.

„Последниве два-три дена турбо работиме на царинење и на пререгистрација на старите возила, претежно од 1995 до 1998 година, кои се увезени од Запад. За легализирање на бугарските возила нема никаков интерес. Како сите да чекаа да дојде последниот ден за да го регулираат статусот на моторните возила. Верувам дека турканицата ќе заврши со завршувањето на рокот за увоз на возила со стадандарите ЕУРО 1. Веќе од утре ќе спласне интересот за увоз на стари возила, бидејќи почнува да важи одлуката за увоз на возила со стандардите ЕУРО 2, кои, пак, не се привлечни за нашите граѓани затоа што се поскапи, па поисплатливо е да си купат ново возило“, вели увозникот на стари возила Љупчо Трајковски.

Ново продолжување на рокот за увоз на возила со стандарди ЕУРО 1, но и можноста за пререгистирање на сите увезени стари возила, според надлежните, нема да има. „Мислам дека имаше доволно продолжувања и за увозот на возила со стандардите ЕУРО 1, а доволен е и рокот што им е даден на сопствениците на возилата за да ги пререгистрираат. Досега во земјава се увезени 43.000 возила, наспроти ланските увезени 3.000 користени возила, што покажува дека има голем интерес за замена на постојните возила со други. Како по обичај, кај нас се' се прави во последен ден, па во складиштата има зголемен интерес за царинење“, вели првиот човек на нашата Царина, Ванчо Каргов.

Тој апелира сите што имаат возила, а не се со македонски таблички, да го фатат последниот воз и да го регулираат статусот, бидејќи, според Царинскиот закон, во иднина овие возила во државава ќе можат да се возат само шест месеци. „Според Царинскиот закон, за оние што ќе се утврди дека престојуваат подолго од шест месеци во земјава, прво ќе им се изрече мандатна казна која за плаќање на самото место изнесува 50 евра, потоа следува и друга мерка - привремено задржување на возилото, при што сопственикот треба да се одлучи дали ќе ги плати царинските давачки или, пак, автомобилот ќе го врати назад, а доколку не се испочитуваат овие мерки следува негово одземање“, појасни Каргов. Сепак, информациите од Царина говорат дека одѕивот за пререгистрација бил слаб, односно само 15 проценти од сопствениците на возилата што подолг период се возат по македонските патишта одлучиле да ги променат табличките.

Одлуката за олабавен увоз на половни возила ги исполни финансиските очекувања на државата, но и оние на граѓаните. Ако во просек по автомобил Царината наплатувала околу 600 евра, за вкупно внесените 43 илјади половни коли од стартот на годината се инкасирани околу 26 милиони евра. За увозниците на стари автомобили овој бизнис бил исплатлив, но обртот на коли на пазарот бил многу подобар во почетокот, а сега има презаситување, па се очекува стагнација со пад на цените.

„Пазарот е мал и веќе се засити. Донесени се многу автомобили, а сега и нивната цена паѓа. Се покажа дека нашите граѓани можат да си дозволат автомобил до максимум три илјади евра. За поновите, со стандард ЕУРО 2, интересот ќе биде значително намален“, најавуваат увозниците на автомобили.

Од стартот на годинава до 26 септември се внесени вкупно 51.575 возила. Од нив, над 43 илјади биле половни или околу 5.000 нови автомобили. Интересот бил голем и за товарните возила, при што се увезени 2.134 користени наспроти 638 нови, како и 465 царинети стари автобуси.


#
Статијата е прочитана 1712 пати.

Испрати коментар

Од: kole
Датум: 30.09.2010 12:46:55
Благодарам за статијава! Зошто да им плаќам на увозниците + 500 до 1000 евра од кола кога сам можам да отидам и да си донесам кола од странство?! Како државата ќе утврдува колку време колата била на територија на РМ? Колите немаат документ за влез и излез? Време беше за македонските граѓани да важат исти закони, а тоа што некој има и друго државјанство, нека му важи кога ќе се наоѓа во соодветната држава (Канада, Германија, Бугарија и сл.) Поздрав!
Од: SASE OHRID
Датум: 30.09.2010 13:31:46
ne samo kolite da mu se odzemat tuku i pasosite makedonski i neka odat vo bugarija tamu neka se vozat.
Од: boris
Датум: 30.09.2010 14:37:34
da znae gruevski i vladata na dpmne ako samo se usudat da ne kaznuvaat i da ni gi odzemaat bugarskite koli nikogas veke nema da glasame za nego i za dpmne i ke im gi frlime makedonskite pasosi pred vladata i ke si ostanaeme makedonski bugari so bugarski pasosi i imame podska od bugarija i od cela evropa za ovaa nepravda sto ja trpat narodite vo makedonija da zavsi sto pobrzo-utrinski realni ste ve molam objavete
Од: od toni
Датум: 30.09.2010 19:49:34
ima stranci so ziveat poveke od sest meseci primer svegani so invalidska penzija ili biznismeni od grcijaso se sekoj den vo mk.nie namesto da pribirame stranci nie gi brkame(GRUEVSKI).na narodot mu e sve preku glava.nekoj so taa kola so ja kupil eftino od bg.vadi nekoj dinar za leb.za gruevski treba uste bez gaki da setame.neka mi daj rabota od500evra paneka klava zakoni.

Најди! во Утрински
Економија
Аеродромите се градат, ТАВ уште бара пари
Само што пркна, индустријата пак паѓа
Цела Европа на нозе против строгите мерки
СДСМ
„Луј Витон“ најскап европски бренд
Оставка во АЕК - семејни или други мотиви?
Креативност со „андроид“ на „Оне“






Bulgarians proud to see one of their own as president of Brazil
Sports and aid part of first regatta around Africa
Elections in Bosnia promise little change