Брoj 2803  сабота, 04 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Наука
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Гордон Браун ги враќа блеристите во владата

Сменет министерот за одбрана Дез Браун, а Блеровиот миленик Менделсон вратен во британската влада

Од нашиот дописник
Томислав Ивановски

ЛОНДОН - Британскиот министер за одбрана, Дез Браун, е сменет од функцијата на која се наоѓаше уште од времето додека со владата раководеше Тони Блер и на неговото место е поставен Џон Хатон, досегашен министер за индустрија и бизнис. Тргањето на Шкотланѓанецот Браун, лојален сојузник на актуелниот премиер, е примено како изненадување на реконструкцијата на владата, најголема откако Гордон Браун е во Даунинг стрит 10. Уште повеќе што Дез Браун, како што е соопштено, сосема се повлекува од владата, па тој повеќе не е ниту министер за Шкотска, функција што ја имаше заедно со управувањето со одбраната на земјата.

Но, како вистинска политичка сензација се толкува враќањето на сегашниот европски комесар за трговија, Питер Менделсон, во владиниот состав со кој претседава Гордон Браун, преземајќи ја функцијата министер за бизнис и индустрија. Претходно, тој двапати беше министер и поднесуваше оставки во владите на Блер, но во британскиот политички живот е познат како еден од најлојалните сојузници на Блер, заедно со него (и Браун) основач на новите лабуристи и политиката за темелно реформирање на партијата, а најмногу од се' познат како остар противник на Браун и браунистите во партијата и владата, со кого повеќе од една деценија е во судир и длабоко несогласување. Во владите на Блер, Менделсон беше еднаш министер за трговија, а потоа за Северна Ирска. Во новиот состав на владата е вратена и Маргарет Бекер, ветеран во владите на лабуристите и поранешен министер за надворешни работи, која сега ќе раководи со Секторот за домување и ќе се грижи за координацијата меѓу владата и парламентот, како и Џеф Хун еднаш министер за одбрана, а потоа задолжен за односите со Европа, во двете последни влади пред повлекувањето на Блер.

Тој сега ќе ја извршува функцијата министер за транспорт, заменувајќи ја на тој начин Рут Кели, која пред две недели поднесе оставка. Со реконструкцијата на владата е создадено и ново министерство, за енергија и климатски промени, на чие чело е поставен Ед Милибанд, досега министер во владата и брат на шефот на дипломатијата, Дејвид Милибанд, и за разлика од него, силен сојузник на Браун. Реконструкцијата на владиниот состав е поголема отколку што првично се најавуваше, затоа што се тврдеше дека во сегашната сериозна економска криза во која се наоѓа земјата и поради заканата од глобалниот кредитен удар, не е време за внатревладини пресметки. Имаше и навестување дека Браун можеби ќе ги тргне од владата сите блеристи, откако Рут Кели поднесе оставка само неколку часови по завршувањето на лабуристичката партиска конференција, па се најавуваше дека можеби на удар ќе се најдат и Дејвид Милибанд и Ален Џонсон, министер за здравство.

Наместо тоа, Браун се одлучи за сосема друга крајност, па дури четворица од старите блеристи, врати во владата или им даде многу позначајна улога од онаа што тие ја имаа досега во владата или во партијата. Менделсон, кој со именувањето за еврокомесар не е повеќе пратеник во Долниот дом, по брза постапка ќе биде назначен за лорд и за член на Горниот дом, со што формално ќе му се овозможи да седне во министерската фотелја и да биде дел од кабинетот со кој раководи Браун. Во Лондон се смета дека со вака компонираната реконструкција, во која се вратени блеристите, што премиерот Браун во јуни минатата година ги тргна од Блеровата влада, е обид на премиерот да воспостави контрола врз владата и партијата, да ги затвори сите меѓусебни расправи во лабуристичките редови и да покаже дека повеќе нема судири меѓу браунистите и блеристите. Даунинг стрит 10 соопшти дека реконструкцијата на владата е направена за да се создаде кабинет што ќе биде способен да управува со актуелната економска и финансиска криза.


Статијата е прочитана 77 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Џо Бајден победи, но Сара Пејлин ��еше подобра од очекуваното
Тенкисти за 200 рубли го гаѓаа парламентот
Поделбата на Косово може да биде многу опасна
Канадскиот премиер во кавга со САД
Путин ја кара Украина за вооружувањето на Грузија
Лондон стравува од муслимани - очајници