Брoj 2803  сабота, 04 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Наука
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Канадскиот премиер во кавга со САД

Отава- Канадскиот премиер Стивен Харпер остро ја критикуваше американската економска политика на последните дебати пред предвремените избори во Канада на 14 октомври. 

Харпер врати остро на обвиненијата на четворицата опозициски лидери, дека е канадски „клон“ на Џорџ Буш.

„Не ја следиме истата политика како САД“, рече Харпер. „Економскиот и финансискиот метеж во САД е катастрофален - политиката на Вашингтон беше неодговорна“, додаде тој.

Канадскиот премиер призна дека дозволил грешка, кога како дел од опозицијата побарал Канада да учествува во војната во Ирак.

„ Канаѓаните не се загрижени за своите работни места или оти можат да ги загубат домовите. Тие стравуваат за проблемите на финансиските пазари“, рече тој, алудирајќи на намалувањето на заштедите и на пензиските фондови поради крахот на финансиските пазари.

Берзата во Торонто вчера затвори со пад од седум проценти во очекување на гласањето на Претставничкиот дом во САД за планот за спас на американскиот финансиски систем.

Харпер призна оти има забавување во канадската економија, но не и рецесија и за разлика од САД земјата избегнала банкарска криза.

Опозицијата го обвини Харпер дека не ја сфаќа сериозно ситуацијата со забавувањето на економијата во земјата.

На 7 септември премиерот Стивен Харпер го распушти Домот на општините и свика предвремени парламентарни избори. Харпер се надева неговата Конзервативна партија да ги зголеми местата во парламентот. Според проучувањата на јавното мислење, конзервативците можат да освојат мнозинство. (МИА)


Статијата е прочитана 477 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Гордон Браун ги враќа блеристите во владата
Џо Бајден победи, но Сара Пејлин беше подобра од очекуваното
Тенкисти за 200 рубли го гаѓаа парламентот
Поделбата на Косово може да биде многу опасна
Путин ја кара Украина за вооружувањето на Грузија
Лондон стравува од муслимани - очајници