Број 3075  вторник, 01 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Хроника
Седумдесетгодишен тетовец починал во лековита бања

ТЕТОВО – Седумдесетгодишен тетовец е пронајден мртов во еден од импровизираните базени во месноста Бањиче кај Тетово, кои со години наназад луѓето ги користат како природни лекувалишта. Според првичните сознанија, тетовецот Халил Размизи, најверојатно, се удавил како последица на срцев удар додека се капел во водата што содржи голема концентрација на минерали и соли.

Телото на 70-годишниот Халил Рамизи било пронајдено вчера изутрина околу 8 часот во еден од импровизираните базени во месноста Бањиче. Петмина случајни минувачи го забележале безживотното тело на сограѓанинот, по што случајот го пријавиле во тетовската полиција и во Службата за брза помош.

Минувачите веднаш влегле во водата на базенот, го извлекле телото на Рамизи и се обиделе да му помогнат. Но, веќе било доцна, оти Халил не давал никакви знаци на живот. Како што дознаваме, на телото на починатиот не се откриени знаци на насилство. Според првичните информации, смртта најверојатно настапила со давење како последица на срцеви тегоби што ги имал Размизи.

Водите од Бањиче луѓето одамна ги користат за пиење и капење, а постои верување дека лекуваат стомачни и кожни болести. И последните испитувања од надлежните органи потврдуваат дека изворите кај Бањиче спаѓаат во групата минерални води богати со соли, кои и' даваат на водата лековити својства. (Г.Е.)


#
Статијата е прочитана 1017 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Ни анонимките не помагаат да се пронајде малата Ангела
Лилјана Петровиќ ќе плати 5,5 илјади евра за клевета на Андријана Будимир
Се трага по убијците од „Чаирчанка“
Ја претепал сопругата на крштавката на нивното дете
Ограбена обложувалница, кражба во стан