Ограбена обложувалница, кражба во стан
Маскиран разбојник завчеравечер ја ограбил спортската обложувалница „Твинс“ на улицата „Железничка“ во Скопје, при што украл 65.000 денари, соопшти МВР. Грабежот се случил во неделата околу 21 часот кога разбојникот со фантомка на главата и пиштол во рацете му се заканил на вработениот во обложувалницата дека ќе го убие. Потоа, од касата ги украл парите и побегнал.
Од полицијата соопштуваат дека викендов се случила кражба во стан на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Крадецот со алат го искршил цилиндарот од влезната врата и влегол во станот. Украл златен накит вреден околу 5.000 евра. (Г.А.) |