Се трага по убијците од „Чаирчанка“
Полицијата и натаму трага по двајцата маскирани напаѓачи, кои во неделата наутро го убија скопјанецот Јаха Седат (36) пред комплексот „Чаирчанка“ во Скопје. Во МВР велат дека истрагата е во тек и дека засега нема ништо ново.
Како што објавивме, Седат беше убиен додека со пријатели седел пред чајџилница во Чаир. Неофицијално се зборуваше дека тој пред десетина години бил осуден за убиство на Албанец во Чешка. (Г.А.) |