Брoj 2730  понеделник, 07 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Дефектите на ехоапаратот ги одложува прегледите на срце

За два месеца, единствениот ехоапарат на Кардиологија се расипал два пати

Зачестените дефекти на ехоапаратот на Клиниката за кардиологија ги одложуваат редовните ехокардиолошки прегледи. За нецели два месеца, ехоапаратот се расипал два пати, па на пациентите им се презакажуваат снимањата за најмалку дваесет дена подоцна, кои кога ќе се додадат на времето од листата на чекање, се случува болниот за да се прегледа на ехоапаратот да чека од пет до шест месеци. По дефектот во април, кога апаратот се поправаше околу два месеца и на него се правеа само половични ехопрегледи на срцето, ехото повторно се расипа пред околу 20 дена. Редовно закажаните ехопрегледи повторно се одложуваа на неодредено време, додека не се поправи, а итните случаи се прегледуваа со други дијагностички процедури, што на лекарите им ја отежнува работата при поставување на дијагнозата. Некои од нив се препраќаат во приватни ординации каде што еден ехопреглед чини најмалку 2.000 денари. Од Клиниката за кардиологија ни потврдија дека апаратот не работел повеќе од три недели, но дека тој деновиве е поправен.

„Болните на кои им биле одложени прегледите за повторно да не чекаат долго време, се прегледуваат заедно со редовно закажаните пациенти. Покрај редовните прегледи, се прават најмалку уште пет вонредни од презакажаните, па така дневно се случува на апаратот да се снимаат и по 50 пациенти“, ни рече раководителката на Одделението за ехокардиологија д-р Вера Спироска. Додека апаратот бил во дефект, д-р Спироска тврди дека не бил вратен ниту еден итен случај. „Дијагноза не се поставува само со ехоапарат, туку има и други дијагностички методи, како што се ЕКГ, коронарен стрес, ензимите“, објаснува д-р Спироска. Но, таа признава дека со ехопрегледот се добива сигурна, брза и точна дијагноза и дека немањето ехоапарат им ја отежнува и усложнува работата при поставување дијагноза. Но, и покрај ова, д-р Спироска смета дека нема пациент кој не е соодветно згрижен.

Причините за честото расипување на апаратот не е само преголемата амортизација, туку, како што се дознава, проблемот е и во апаратот. И покрај тоа што е нов, купен пред две години, тој не се покажал, а работата уште повеќе се усложнува и со тоа што долго време се чека да се поправи додека не стасаат резервните делови, а во меѓувреме сервисерот на клиниката не и' дава резервен апарат во функција, како што го прават тоа сите професионални сервисери.

За да се избегнат ваквите ситуации најврвната кардиолошка установа во земјава да зависи само од еден ехоапарат, клиниката набрзо планира да ги поправи и другите два ехоапарата. „Во план е да се купат уште два нови ехоапарата со пари од клиниката, зашто не можат да ги чекаат оние кои се нарачани со големиот тендер од 40 милиони евра“, вели д-р Спироска. За да распишат тендер за новите апарати, се чека новата одлука на Владата. (J.J.)


Статијата е прочитана 183 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Во чешмите на Пелистер тече неисправна вода
Во Охрид нема прскање против комарци
Штип бара спас за реката Лакавица
Змиите доползуваат во градовите во потрага по храна
Прилеп се збратими со турскиот град Тире
Паѓа цената на доматите во Струмичко
Дојран доби вода за викендот
Стивнува епидемијата на заушки во Прилеп