Број 2934  четврток, 12 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Забава
ПОЛ МАКАРТНИ

Распродаден концерт за седум секунди

Според организаторите на концертот, кој пејачот Пол Макартни треба да го одржи во Лас Вегас, билетите што биле пуштени во продажба биле распродадени за неверојатни седум секунди.

Само четири илјади фанови на поранешната група „Битлси“ ќе имаат можност да уживаат во најголемиот музички спектакл, кој е планирано да се одржи на 19 април во „Хард-рок хотел“ во Лас Вегас. Организаторите изјавиле дека интересот за концертот бил огромен, со што се докажал фактот дека за само една секунда биле продадени приближно 600 влезници.

Според светските анализи, рекордот во продажба на карти го држи некогашната тинејџерска атракција „Тејк дет“, која успеала да продаде шестотини илјади карти за само четири часа.


Статијата е прочитана 549 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Деби на Хрватскиот радиски фестивал
Македонски манекенки на јубилејот во Италија
По „Терминатор“, во костимот на Бетмен