СЕМ ВОРТИНГТОН
По „Терминатор“, во костимот на Бетмен
Актерот Сем Вортингтон, кој на холивудската јавност и' станал познат по улогата во филмот „Терминатор“, би требало во скоро време да биде повикан за главната улога во новото филмско продолжение за човекот-лилјак Бетмен.
Најновиот „Терминатор“ во најскоро време треба да почне да се прикажува во киносалите низ САД, а уште во самиот старт критиките за актерскиот потенцијал на Вортингтон водат кон тоа дека тој е главниот конкурент за улогата на Бетмен.
Имено, ваквата констатација ја потврдил и режисерот Џејмс Камерун, кој откако го погледнал „Терминатор“, изјавил дека Сем е роден да глуми во научно-фантастични филмови, па улогата на Бетмен е само една од примамливите понуди, кои би требале да почнат да стигнуваат на адресата на овој актер. Според Камерун, појавата на Сем е одлична, бидејќи тој е вистинската ѕвезда за Бетмен.
Ваквите гласишта биле уште погласни за неговата улога, кога официјалната екипа на филмот едногласно одлучила да не го најмува по втор пат Кристијан Бејл за главна улога.
|