Наум Петрески
Деби на Хрватскиот радиски фестивал
По информацијата дека Калиопи ќе настапува на овогодинешното издание на 14. Хрватски радиски фестивал, бројот на македонските учесници се зголемува. На официјалната веб-страница на Хрватскиот радиски фестивал стои дека во натпреварувачкиот дел во конкуренција на забавна (народна) музика ќе настапи Наум Петрески, со композицијата „Моја или ничија“, на која автор на музиката и аранжманот е Николче Мицевски, а текстот на Борче Нечовски. Во меѓувреме, до настапот на Хрватски радиски фестивал, што ќе се случува на крајот од мај, во Опатија, Наум го подготвува и новиот албум наменет за т.н. балканска промоција. Наскоро заминува во Белград да сними уште две композиции на српски јазик, додека оние на македонски и на хрватски веќе се снимени. Засега, плановите се албумот да биде готов до мај, и тогаш да се започне со балканската промоција.
Покрај Наум и Калиопи, на Хрватски радиски фестивал ќе настапи уште еден Македонец, Игор Митровиќ, во дует со Црногорката Александра Бучевац.
Игор и Александра ќе настапат во конкуренција на поп-рок (урбана) музика, со темата „Волиш ли ме“. |