Број 3493  сабота, 29 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести








Site Meter
Економија

Платите упорно растат, просекот стаса до 335 евра

Просечната нето-плата по вработен во ноември 2010 година изнесува 20.633 денари или 335 евра и во однос на истиот месец 2009 година бележи зголемување од 3,6 отсто. Бруто-платата, пак, била 30.349 денари и во однос на ноември 2009 година е поголема за 1,7 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето е резултат на растот на платите во секторите трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинства, финансиско посредување, преработувачка индустрија и рибарство.

Најголем пораст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите рибарство за 15,6 отсто, финансиско посредување за 4,6 отсто и други комунални, културни, општи и лични услужни активности за 1,2 отсто. Кај бруто-платата, исто така, најголем пораст имало во секторите рибарство за 10,9 отсто, финансиско посредување за 4,1 отсто и градежништво за 1,3 отсто. Во ноември 2010 година 1,9 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата. (МИА)


#
Статијата е прочитана 1546 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 29.01.2011 12:58:19
Дали државниот завод или Павел шатев исто е.
Од: robin hud
Датум: 29.01.2011 12:58:39
Kako trgnala rabotava i Svajcarija ke ja ostavime zad nas.Sade med i mleko,kako da ziveeme vo zemjata na cudata , kako da nema semejstva sto ne mozat da vrzaat kraj so kraj,i toa malku sto im sleduva sakaat da im go ukinat.sitiot na gladniot ne mu veruva.
Од: bitola
Датум: 29.01.2011 14:54:54
BARAM platata na rabotnicite da bide posebna vo pravenjeto prosek a ne zaedno so pl..na dir..i menadjerite[gazdite]
Од: Трпе
Датум: 29.01.2011 17:21:38
Владиниот завод за статистика,пишува бајки по нарашка.Мора да биде задоволен пастирот.Овците не се важни тие се за давање на млеко и волна.Платата без разлика бруто или нето растела.Браво а колку вработени доагат до овој просек.Види мајката биле зголемени платите на рибарите,на кои рибари кои работат на рибарски бродови во странство.пораснале платите на мајсторите за поправка на автомобили ие овде верувам откако им успеа да го убедат народот дека возило од 10 години виозено низ европските земји не е старо.
Од: mustafa
Датум: 29.01.2011 21:02:17
golem porast na platite, ako praime komparacija so porastot na cenite ke ja vidime realnata ekonomija sto se vodit vo nasata drzava,
Од: dixi
Датум: 29.01.2011 21:43:11
Prosecna plata u BJRM(FYRM) e 10500 denari !
Од: smoki
Датум: 29.01.2011 22:33:50
и растат платите, има народот пари. не само новокупени коли, едноставно и цените за услуги се качија. Порано викнав хаузмајстор ми чистеше камен у бојлер и ми смени се, за работа 300мкд. Сега тешко да најдеш за тие пари, може само некој нестручен почетник белја што де ти направи. Но друга е работата, а важи и за секаде во светот, дали парите ( и евра и доларите) вредат како порано ?? .. еве , златото отиде 3х за 6 години. Па и колите се поскапи, ако кукаат импортерите. пред 10 години можев да купам нова 106-ка за 15000дм, башка старо за ново да направам, ке ми излезеше ~13000 ДМ. Сега за тие пари ке купиш наизглед софистицирано возило, но од рециклиран матерјал, си многу пластика и направено во Кина или слични региони...
Од: Дони
Датум: 29.01.2011 22:52:53
О, навистина? Како ли е можно тоа кога на пример пл��тите на наставниците се се` уште 18.000 ден (сепак се со високо образование), продавачките ако земат 10.000 ден се срекни а земаат и по 6.000, а мајсторите што поправаат апарати за домаќинство од кого тоа наплатуваат повеќе па да добијат поголеми плати, од народот што нема за храна и лекови? Многу повеќе почитувам некој искрено да каже каква е состојбата и сите заедно да се потрудиме да биде подобро отколку лаги.
Од: Ribari, krotkum veslajte....
Датум: 30.01.2011 09:07:55
Kade fatile tolku ribi nasite" samopregorni ribari" Mozebi vo Ministerstvoto za transport i vrski i vo ona ministerstvo za leenje na spomenici na sekoj m2 vo Makedonija. Ne e cudo Makedonija od sekogas bila ribarska zemja opkruzena so morinja i okeani. EOvaj prosek ili go presmetuval Pavel Satev ili onaj Dimitrie Cupovski , seedno .
Од: tales
Датум: 30.01.2011 09:47:03
platite se zgolemile. ?!?!? ova e totalno ludilo. da ne mislevte CENITE, a zgresite vo terminot -PLATITE?
Од: Kalimero
Датум: 30.01.2011 17:03:31
Nema den vo ovaa nasa napatena drzavicka da ne slusneme LAGA od oficijalna institucija i nikoj da ne odgovara za kazanata glupost. Bladata bi trebalo od tolku praznici koj vovede, da vovede uste eden nov koj ke go nareceme DEN BEZ LAGA, da videme dali mozat eden den da izdrzat a da ne izlazat
Од: риболовец
Датум: 30.01.2011 20:01:37
Na koi ribolovci im se zgolemile platite za 15%? Kade i kolku profesionalni ribolovci ima vo Makedonija? Kako toa tolku mnogu vlijaat na prosekot na lichniot dohod vo Makedonija? Da ne se vklucheni tuka i platite na sportskite ribolovci?

Најди! во Утрински
Економија
Трговците во загуба, граѓаните бараат поевтино
Индустрискиот воз се' уште доцни
Комерцијална банка ќе се докапитализира
Потпишани договори за изградба на уште 12 мали ХЕЦ