Број 3250  вторник, 06 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Хроника

Оружен инцидент во скопски Грчец

Едно лице е рането, а уште двајца се повредени во инцидент што се случи вчера околу 11,20 часот во скопското село Грчец. Саботните недоразбирања биле причина за нова пресметка меѓу десетина лица од Грчец, поделени во две групи, соопшти полицијата. Ривалските групи најпрво почнале вербално да се расправаат, па да се тепаат, при што со тврд предмет по глава бил удрен 36-годишен жител на селото, додека 18-годишно момче од клоците и тупаниците се здобило со телесни повреди. Според полицијата, во еден момент, 24-годишниот И.М. од Грчец извадил пиштол и ранил 53-годишен соселанец, кој е префрлен во Ургентниот центар. Осомничениот И.М. заедно со уште две-три лица, кои биле со него, побегнал и полицијата трага по нив.

Приведени биле неколку лица и отворена е истрага, која треба целосно да го расчисти случајот, по што ќе следуваат пријави. (Г.А.)


#
Статијата е прочитана 857 пати.

Испрати коментар

Од: sirma vojvoda
Датум: 06.04.2010 00:31:38
indijanci kaubojci na21 vek

Најди! во Утрински
Хроника
Граѓаните се жалат дека за платени казни им стигнуваат покани за суд
Србија во шок
Двајца загинати за Велигден
Крадел во црква, завршил во болница
На аеродром го барал багажот со дрога
Полициски специјалец фатен во кражба