Крадел во црква, завршил во болница
Четириесетгодишниот Х.Ф. од прилепското село Канатларци заврши во болница откако се обидел да краде во црквата „Света Богородица“ во центарот на Скопје, соопшти полицијата. Инцидентот, според МВР, се случил во неделата околу 19,15 часот кога Х.Ф., сечејќи кабел од клима, паднал и се повредил во главата, поради што е пренесен во Ургентниот центар. Полицијата го расчистува случајот. (Г.А.) |