Број 3400  среда, 06 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Втора страница

Поглед

Заслуги, заслуги...

Нина Нинеска-Фиданоска


Можеби ако денес нагло огрее сонце, ако некако успее да се избори со овие здодевни и влажни облаци што деновиве добро се потрудија да ни го расипат расположението, и за тоа ќе бидат заслужни премиерот Никола Груевски и тимот министри кои неуморно се грижат за доброто на народот! Затоа што оваа власт едноставно мора да си ги припише сите фини работи што ни се случиле или што ќе следуваат во иднина. А за лошите, е за тоа постојано има некои други дежурни виновници, олицетворени или во злобните соседи, или во светската економска криза или, пак, во оние неразбрани новинари, кои не мислат на ништо друго освен да го оцрнат владиниот кабинет.

Така, деновиве дознавме дека фактот што од идната година во земјава ќе влегуваат без царина автомобили и други производи од Европската унија, бил благодарение исклучиво на актуелниве власти. Така барем вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески „мртов“ сериозен ја извести македонската јавност. Тој сосема комотно соопшти оти Владата била охрабрена од успехот на мерката за увоз на евтини стари коли, па решила и во 2011 година да продолжи со намалување на царината, односно да воведе нула стапка царина за увозот на возила од ЕУ! Каква дрскост и потценување на јавноста. Па, од нас има и некои со сеќавање малку подолго од ерата на преродбата, кои паметат дека царините се снижуваат постепено секоја година како резултат на Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ потпишана во 2001 година. А и Груевски и Ставрески тоа добро го знаат, бидејќи во тоа време едниот беше министер за финансии, а другиот негова десна рака. Зошто тогаш беа потребни вакви несреќни обиди да се припишат ситни поени, кога вистината секогаш излегува на виделина?


#
Статијата е прочитана 1370 пати.

Испрати коментар

Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 06.10.2010 12:19:48
Vistinata e kako shilo....v'ti, v'ti i je izueze na pov'ushinata.....
Од: вераг
Датум: 06.10.2010 12:39:20
КАкви бесрамни лаги и потценување на интелигенцијата на сопствениот народ!
Од: Ајван Доктор®
Датум: 06.10.2010 12:57:39
Ах!Се мислам што би правеле тие без таквите подлости и ситни поени!Како поинаку би изгледале поголеми,во очите на наивците,ако не се замислуваат себеси како од нив да настанал светот?Затоа можеби и ги бараат сопствените корени токму во прапочетокот на Светот и во постоењето на (пра)Македонската амеба!
Од: ivona
Датум: 07.10.2010 09:02:46
pa samo taka sakaat da go pravat narodot nedoveten i zaboraven ,a dobro znaat dek a taka samite se pravat prvo smesni,a vo isto vreme kolku tie ne se za da bidat vlast i sekojdnevno da go lazat svojot narod onoj istiot kakov-takov sto gi donese na vlast,samo veke nema da im projde gi procitaa site ,lozari mlekari,braniteli,stecajci,socijalci,invalidi ,i site koi gi glasale .

Најди! во Утрински
Втора страница
Иванов го сака хрватско-словенечкиот модел за преговори со ЕУ
Вербатим
Коњановски бара прием во НАТО со референцата






Roma missing out on vital European funds in Romania
Talks with Serbia on hold as Kosovo government collapses
Mladic arrest 'essential' says EP draft resolution on Serbia