Брoj 2793  понеделник, 22 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Поглед

Циркус во Аеродром

Даниела Трпчевска

Најголемата скопска општина Аеродром деновиве повторно е во фокусот на вниманието. Откако нејзиниот легендарен градоначалник во саботата приреди вистинска претстава за полицијата и за новинарите, денеска се очекува втора рунда од мечот Кирил Тодоровски – Југослав Зиберовски.

Очите од петокот се ширум вперени кон општинските простории откако Тодоровски по пет месеци поминати во притвор ја напушти Шутка и најави враќање на голема врата во општинскиот стол. Арно ама, градоначалничкиот стол во меѓувреме го пополни заменикот Зиберовски, кој утринава исто така очекува да си седне на своето место. Ќе има ли доволно простор за двајцата да ги собере во удобната фотелја или утринава ќе има вистинска трка кој попрво да стаса на работа.

Сеирџиите очекуваат вистинска драма во општинската зграда, знаејќи го упорниот карактер на градоначалникот, кој пред судот одговара за поткуп од 100.000 евра. Иако беше пуштен на домашно лекување поради нарушено здравје, тој завчера витално поита да ги смени бравите на канцелариите „за да го спречи криминалот во Општината“, сеејќи страв и трепет. Како што тргнала работава, Тодоровски само со еден потег планира да ги врати конците во свои раце и да ја „спаси“ Општината, па по цена ако треба и херметички да си ја запечати канцеларијата за никој да не може да го допре „волшебното столче“.

Законски, Тодоровски слободно може од утре повторно да си заседне во градоначалничката фотелја, бидејќи судскиот процес против него не е завршен, ниту пак се знае каква ќе биде пресудата. Арно ама, судот го пушти за дома да се лекува поради нарушеното здравје, па сега никому не му е јасно дали, всушност, трчањето по општинските канцеларии е дел од терапијата
.


Статијата е прочитана 1486 пати.

Испрати коментар

Од: Vancho
Датум: 22.09.2008 05:03:48
Do koga Makedonskiot narod ke hrani Aramii.Toj tvrdi da je sobiral sretstva po svoja inicijativa pari za da se gradi Crkva .Ami toj voopsto i ne znaje sto je Biblija ili Bogobojaznost , nema nikakvi Dokazatelstva pa se pitam kako Uopshtvo je pushten.Mozda koj go pushti da se Preispita pa ponovo Dvajcata u Zatvor.
Од: miki
Датум: 22.09.2008 08:01:25
Navistina e ova kriminal. Eden kriminalec, so ukredenite pari izleze na domasno lekuvanje, a sega posto e na lekuvanje saka povtorno da se vrati vo opstinata. Kade e ovaa nasa vlast da mu stavat kraj na ovoj kriminalec.
Од: mene
Датум: 22.09.2008 08:40:40
Тодоровски “не знае“ што е богобојазнозст, ама Груевски,Мијалков и онаа креатура Зиберовски знаат сто посто!! Срамота, човекот си е легален градоначалник избран од граѓаните на слободни избори.Е Македонци, Македонци.
Од: Makedonec
Датум: 22.09.2008 10:37:30
Болен човек е за во болница или дома на боледување. Зиберовски треба да продолжи да си ја врши функцијата градоначалник која досега беспрекорно и самопожртвувано си ја вршеше. Тука има прекршување на законите, а тоа е болен човек(на боледување) да извршува функција. Сите граѓани од Аеродром му даваат подршка на Зиберовски посебно Реонски Центар Аеродром.
Од: rajko
Датум: 22.09.2008 11:55:24
Е, Македонци, Македонци . . . кога и на ваква неинтелегентна и насилнички настроена креатура како што е овој смешен градоначалник (како да е излезен од некоја драма на Гогољ) и се дава подршка тога�� кој ни е крив . . . Тодоровски или ние? А дали е виновен за делото за што го товарат ќе кажи судот? Аеродром не е населба од руската провинција од 19-от век и не заслужува креатура за потсмев, која ги забавува граѓаните со своите ступидни јавни настапи.
Од: zlatko
Датум: 22.09.2008 14:38:25
suctvoto ni e ne provesionalno go drzi 5 meseci pritvor posle go pusta i tolku nikomu nisto na sudenje ke izlezi po 2god i togas ke se odlozva uste 5 god ikraj......zato eu ni veli deka nemame suctvo se e korumpirano
Од: TRAJANKA
Датум: 22.09.2008 15:47:56
Ubavo sto Todorovski se vrati , najdobar presedatel do sega . Se znae zosto se sluci sevo ova ; Divite gradbi gi ocisti vo naselbata .
Од: Franko-London
Датум: 22.09.2008 17:30:21
Komedijava so gradonacalnikot na Aerodrom e samo dokaz za nesposobnosta na lugjeto koi ja vodat drzavata vo propast.No edno mora da se priznae.Na impotentniot i dezorientiran Makedonski narod,mu fali dupla doza Vijagra,za da sobere sili i da rascisti so site ovie samobendisani klovnovi, koi bezmilosno kradat i ja sramotat i drzavata i narodot.Pa narode,tebe ti e redot.
Од: bosko
Датум: 22.09.2008 20:59:18
pred da odi vo zatvor todorovski, vo gradskata smetka imalo 1500000 evra, se vraka od zatvor parite gi nema i se potroseni, a aerodrom so 100000 iljadi ziteli si molci,nikoj ne reagira nitu protestira, najeduciraniot narod od metropolata skopje

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Големиот тендер за медицинска опрема на повторен избор
Новиот Управен суд - неажурен!
Вербатим