Број 3663  вторник, 23 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Забава

Автомобили

Врвна доверливост и исклучителен квалитет!

Последната генерација на светскиот автомобилски бестселер, моделот „тојота корола“, продолжува да јава на бранот на успешната традиција на доверлив, квалитетен и исплатлив автомобил, сега со докажаниот дизел-агрегат, со атрактивна опременост и сето тоа само за 15.990 евра!

„ТоЈота корола 1,4 Д – 4-Д“

Владимир Ристовиќ

НПочитувањето и довербата се градат низ години, низ генерации доверливи и квалитетни модели. Тоа е еден од основните „креда“ на јапонската „Тојота“, во моментов најголем светски производител на возила. Со доверливоста, квалитетот и исплатливоста во експлоатацијата и во о��ржувањето оваа марка се здоби со многу вљубеници во нашата земја, а нивниот број секојдневно расте.

Вистински претставник на марката, што во целост ги презентира квалитетите и перформансите, е токму моделот „корола“ што на светлото на денот лансира веќе 10 генерации, во неверојатна бројка од околу 40 милиони продадени примероци низ светот. Да, „корола“ е најпродаван модел во историјата на автомобилизмот на планетата.

Со една таква „убавица“ на тркала, во дизелска варијанта, со економичен агрегат 1.4 Д – 4-D, со сила од 90 кс, имавме можевме да се дружиме неколку дена. Компактната лимузина плени со својата појава и веднаш ви е јасно зошто милиони купувачи се одлучуваат за овој автомобил.

Има се' од изгледот, преку квалитет до доверливост и ниски трошоци при експлоатација. Да почнеме со елегантната фигура, со препознатливи црти. Предниот дел е динамичен, со закосено ветробранско стакло што и' дава нота на агресивност. Предната маска, во комбинација со светлосната група и одбојникот, во кој странично се имплементирани магленки, заедно со големиот дифузер го заокружуваат модерниот динамичен лик. Хромираните елементи на маската и големото лого во средината даваат печат на елеганција. Атлетските странични линии ја нагласуваат динамиката на компактната лимузина. Комфорот е загарантиран со должината од 4.540 мм, широчината од 1.760 мм и висината од 1.470 мм, како и од меѓуоскиното растојание од 2.600 мм. Пространо е на предните седишта и на задната клупа. Задниот дел е продолжен поради практичниот багажник со солиден капацитет од 450 литри. И во ентериерот се направени измени за клиентот да има подобар комфор. Материјалите се поквалитетни, текстилот и пластиката, а за ергономијата не треба ниту да се зборува бидејќи дизајнерите на „Тојота“ се шампиони во оваа област, како и во функционалноста на целиот простор. Бројните прегради и места за одлагање дребулии, лименки и шишиња се правилно распоредени.

Автоматската клима одлично си ја извршува работата. За комфорно патување тука се и добриот аудиосистем со ЦД и со ајпод-приклучок, со команди на мултифункционалниот серво управувач. Возењето со „корола“ е лежерно. Како вистински економичен дизел, за ефикасноста придонесува и прецизниот шестстепен мануелен менувач. Перформансите се солидни: од место до 100 км/ч забрзува за 11,9 секунди и постигнува максимална брзина од 175 км/ч. Колку повеќе може да се очекува од компактен семеен автомобил? А кога на ова ќе се надоврзе и потрошувачката од околу шест литри на 100 км. Станува јасно зошто јапонската принцеза со децении владее на светскиот пазар. На крај ,но не и последно за безбедноста. Во „Тојота“ отсекогаш правеле автомобили што се во врвот кога е во прашање безбедноста на патниците. Сопирачките дискови, напред вентилирачки, со АБС-систем што навремено реагира, одлично ја кротат „корола“. И кога на крај на се' ќе се надоврзе и високиот степен на доверливост, квалитетот на материјалите и ниската цена на одржувањето, во сооднос со изминатата километража и век на експлоатација, станувате свесни дека за 15.990 евра добивате многу повеќе.

„Алфа ромео 4Ц“ во Франкфурт

Дo почетокот на Салонот на автомобили во Франкфурт, кој почнува втората недела во септември, остана уште малку време. Автомобилските компании најавуваат бурни денови полни со изненадувања.

Меѓу најатрактивните новитети секако е новиот „Ц-4“ на „Алфа ромео“. Станува збор за спортски автомобил со централно поставен мотор, што во март годинава на Салонот за автомобили во Женева беше претставен како концепт. Позитивните реакции на публиката беа сигнал за компанијата да побрза и да понуди производна верзија. И Серџо Марчионе, првиот човек на „Фиат“ и на „Крајслер“, веќе навести дека „алфа ромео 4-Ц“ ќе се појави на европскиот пазар во првата половина од идната година, а извесен број од овој атрактивен спортски модел ќе се пласира и на американскиот пазар до крајот на 2012 година.

Новата „хонда ЦР-В“ концепт

ССпоредено со претходната генерација, новиот концепт е со поагресивна линија. Пониско поставениот преден браник го дополнува изгледот на корпулентен СУВ, додека дизајнот на долниот преден браник дава одлична аеродинамика.

Новиот ЦР-В ги задржува вертикалните задни светла што придонесуваат за тродимензионалниот изглед на возилото и го вообличува неговиот дизајн во компактна целина.

Опремен е со штедливи мотори, кој обезбедува подинамично, поекономично и поеколошко возење.

ЦР-В е еден од најпродаваните модели и' се нуди во повеќе од 160 земји во Европа, Азија, Северна и Јужна Америка и во Африка. Новиот концепт ЦР-В првпат ќе биде промовиран на Orange Country International Auto Show во Калифорнија во септември годинава, а четвртата генерација на популарниот СУВ на „хонда“ ќе почне да се продава кон крајот на годинава во САД, а во Европа напролет идната година.

„Ауди“го редизајнира А-5 за Франкфурт

„Ауди“ подготви подновена изведба на својот модел А-5 за Франкфурт, каде што во септември ќе се одржи најголемата автомобилска манифестација на стариот континент.

Според информациите од компанијата, во понуда и натаму остануваат изведбите: купе, спортбек, кабриолет и спортската S-5 верзија со 3-литарски ТФСИ-мотор и 333 кс. Дизајнерите ги следеле линиите што се применети кај новиот „ауди A-6“. Така, новиот A-5 има нови предни светла и задни ЛЕД-светла, доработена маска на ладилникот и одбојници со вградени магленки. Внатре се забележуваат нови бои и нов дизајн на управувачот. Агрегатите се со пониска потрошувачка и емисија на штетни гасови. Основниот бензинец е 1.8-литарски ТФСИ-мотор со 170 кс, a дизел A-5 економичен 2,0 ТДИ со 177 кс (со просечна потрошувачка од само 4,7 литри на 100 км, наведена од производителот).

Продажбата на редизајнираниот A-5 почнува од есен, со почетна цена (во Германија) од 33.350 евра за „A-5 спортбек 1.8 ТФСИ“.

„Макпетрол“ со нова програма на „хонда пауер еквипмент“

„Макпетрол“ Скопје од неодамна во својата понуда нуди широк спектар производи од глобалната понуда на „хонда пауер еквипмент“. Така, отсега прв пат на македонскиот пазар, граѓаните ќе можат, покрај врвните автомобили, мотоцикли и скутери од програмата на јапонскиот гигант „Хонда“, да избираат од севкупната оригинална програма на овој индустриски и технолошки џин. Така, за земјоделците и за градинарите тука се висококвалитетните и технолошки напредните агрегати, пумпи за вода, мотокултиватори, косилки... се' во широк дијапазон на моќност и ефикасност.

За оние што уживаат во одморањето на речните, езерските и на морските води „Хонда“ нуди богата понуда на вонбродски мотори, за чамци со различна големина и капацитет, познати по големата трајност, ефикасност и мала потрошувачка, како и ниско , минимално ниво на загадување на водите. Исто така, во салоните на „Хонда“ и кај нејзините дистрибутери низ земјата може да се набават квалитетни гумени чамци со алуминиумско дно, како и врвни водени скутери.

Инаку, програмата на „хонда пауер еквипмент“ содржи и широк спектар на машини и алатки што може да се употребуваат и во градежната индустрија.


#
Статијата е прочитана 555 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Холивудските ѕвезди вечераат во ресторанот на Македонецот Димитри
Викендов сите патишта водат накај Берово
Не ја менувам Битола за ништо
Тој пиеше додека Анџелина уживаше на Бриони
Лажен инфаркт?!

"""