Пет минути интервју
Не ја менувам Битола за ништо
Петар Горко - актер
Јасминка Павловска
По што ти остана во спомен ова лето 2011?
Најпрво по првата соработка со Звезда Ангеловска како режисерка и актерка во „Вишновата градина“. Второ, секако, е фамилијата и убавите моменти што ни претстојат. Како што се вели, секаде само за убаво!
Ти годи ли некое лето без работа?
Апсолутно да! Сакам кога сум слободен во лето иако во бифе секојдневно е кафето и дружбата. Но, секако, чувството на слобода - полни батерии!
За каква понуда би ги менувал ли Битола, БНТ и Широк сокак?
Веќе за никаква! Тоа го имав порано, а сега не знам. А ако се случи некогаш, тоа нека биде од најубави причини!
Каде Петар Горко е повеќе свој - на сцената или надвор од неа?
Петар Горко е Петар Горко. Во животот е битно да си човек, пред се', а тоа подразбира да си таков каков што си секаде. Јас сум тој што сум и не планирам да се менувам.
Што си посакуваш да ти се случи до крајот на летово?
Договор за игран филм! |