Број 3663  вторник, 23 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Забава

„Етносквер-фестивал“

Викендов сите патишта водат накај Берово

На 26 и 27 август плоштадот во Берово ќе биде центар на етномузиката и домаќин на ново фестивалско издание со атрактивна програма и гости

Катерина Шекеровска

Во пресрет на големиот празник Богородица, Берово по трет пат ќе биде центар на културниот бран што ќе ги обедини сите љубители во мелоритмот на етномузиката.

На 26 и 27 август, на плоштадот во Берово, во организација на Општината ќе се случува „Етносквер-фестивал“, подвижен музеј на исконско, непроценливо фолклорно богатство негувано од домашните музички амбасадори.

На фестивалот ќе настапат дел од најдобрите македонски етногрупи, меѓу кои с�� „Синтезис“, „Љубојна“ и националниот ансамбл „Танец“.

„Нашата публика прв пат ќе има извонредна можност да се сретне и со возбудливо музичко шоу од танцовата формација од Бугарија – ’Чинари‘, кои се извонредни професионалци со академско образование што настапуваат на престижни манифестации по целиот свет. На фестивалот тие ќе го изведат изворедното музичко шоу „Магијата на танцот“, објаснуваат организаторите.

Балканскиот фјужан ќе го разбие бразилскиот шарм претставен од Паола Блантон и Естрела Андрачи, извонредни интернационални изведувачи кои изминатиот месец одржаа етнокамп во Берово. На фестивалот ќе настапи и трубачкиот оркестар „Агушеви“, кои на големиот фестивал за дувачки оркестри „Гуча“ ја добија наградата „Прва труба на светот“.

Во склоп на фестивалот, и овој пат ќе се случува интернационалниот саем на традиционални производи „Малешевијата на дланка“, кој му дава посебен дух на целиот плоштад. Таму ќе може да се најдат ракотворби, сувенири и резби изработени на традиционален начин или стилизирани, а истовремено може да се вкуси и од медот, млечните производи, сокови, оцет или тестенини, подготвени според традиционални рецепти, од природни суровини.

Уште еден доказ за атрактивноста и големината на фестивалот е и фактот дека за него ќе биде емитуван документарен филм на телевизиите Би-Би-Си, Нешенел џеографик и Дискавери ченел. Продукцијата која го изработува филмот е од Бразил и во моментот работи во Берово.

Гости на третото издание на фестивалот ќе бидат и делегации на фестивали од Јапонија, Романија, Франција, Словенија и Бугарија. Фестивалот ќе го следи и директорот на „Марибор 2012 - европски град на културата“, кој преку фестивалот за настаните што ќе бидат организирани во Марибор ќе ангажира уметници од Македонија.

Програма

26 август

20,30 часот

„Љубојна“ - Македонија

„Чинари“ - Бугарија

Паола Блантон и Пинџур - Бразил/Македонија

„Агушеви“/Македонија



27 август

20,30 часот

Национален ансамбл „Танец“ - Македонија

„Синтезис“ - Македонија

Естрела Андрачи/ Бразил



Дневни концерти

26-27 август

12 часот

КУД „Димитар Беровски“ - Македонија

КУД „Ристо Донев-Учителот“ - Македонија

КУД „Фрула“ - Србија

Народно читалиште „Искра“ - Бугарија

Трубачки оркестар „Уска-Кан“ - Македонија


#
Статијата е прочитана 977 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Холивудските ѕвезди вечераат во ресторанот на Македонецот Димитри
Не ја менувам Битола за ништо
Тој пиеше додека Анџелина уживаше на Бриони
Врвна доверливост и исклучителен квалитет!
Лажен инфаркт?!

"""