За едни, тоа беше средба на Камениот мост, можност за дружење, враќање на стариот дух во мултиконфесионалниот град кога секоја пригода се користела за заедничка трпеза.
Други го прокоментираа тоа од нутриционистички аспект: скопјани гладни навалија на софрата на градоначалникот и направија пустош за помалку од половина час: бидејќи скопјани гладувале!
Ист настан, во исто време, но гледан од различна перспектива. Една скопска телевизија објави дека манифестација во стилот „појадок на мост“ направил Сиднеј и тоа лани.
„Тој филм нема да го гледаат...“ рече премиерот Никола Груевски, во надворешнополитички контекст, кој сериозно и не е битен за овој текст.
Но, значајна е пораката за арогантниот, да не речеме „дискретниот стил на буржоазијата“ (Буњуел) со кој настапува сегашната, како и изминатите гарнитури и бившите (којзнае ли колку) власти едноподруго во независна, суверена и самостојна Македонија, кои си го зедоа правото да ја држат земјата во црно-бел филм во копродукција на „најмалку“ две партиски формации, што и' ја украдоа иднината на земјата, тргнувајќи од своите независни, суверени и самостојни интереси сведени на идејата да се вратат на власт.
Макар и на една „четирилетка“ (петтолетки имаше во социјализмот) да се дојде одново до „државната цицка“ од која, во име на државата, секој трансфер во име на државата и со завиден евротрансфер за поединци и за партијата е дозволен.
Во раните деведесетти, имав ретка можност да се запознаам со британски новинар. Ми рече: „Ќе видиш, двопартизмот е пострашен режим од еднопартискиот“. Демек, имате плурализам во сферата на политичкото уредување, но како шлаканица в лице ќе ви се врати „информацијата“ дека партиските структури кои сега се инсталираат (и кои се отворени под сопствениот чадор да „апсорбираат“ мали политички различници) остануваат долгорочно. И дека – битката ќе биде валкана.
Нивото на политичкиот дијалог во Македонија, побрзо од очекуваното, го достигна вулгарниот стадиум. „Идиоти, предавници, апаши, тепачи...“ се омилени изрази на пратениците, а моден тренд на гласноговорниците на двата антагонизирани табора е „Ги прашуваме...“
Повиканите не одговараат на прашањето, туку со вадат од архиви папири со цел да премерат кој, кога и колку во денешни евра измерено повеќе ја оштетиле државата.
Двете партии кои суверено независно и самостојно владеат на македонската политичка сцена, кои нудат дали преродба во чекори или по станови откако, нели, за секој дом обезбедија по еден вработен, забораваат дека народот можеби е „аморфна“ маса која треба да се „обликува“, но дека таа маса сега знае да процени.
И тоа едно нешто: дека партиите на власт или во опозиција (зависи од времето кога се третираат како такви) не сфатија дека не си фраер ако на народ му нудиш празна програма, ниту е мангуплак што носи политички поени ако на разочарани лозари им „предочиш“ колку се сиромашни. Лага е дека власта ги анимира едните, а опозицијата ги вади на протести другите. На економски трусно подрачје, лесна е манипулацијата, но таа не нуди излезни решенија.
И ако се вратиме во почетокот и на филмот кои некои нема да го гледаат, со хендикеп може да констатираме дека во некои средини (особено држави) културата за постигнување консензус околу прашања битни за опстојувањето на државата го надминуваат медиумското препукување.
За државните интереси и за интересите на граѓанинот се договара „црвена линија“ за која, преку која, и зад која, никој не преговара.
Македонскиот партиски дуализам е далеку од тоа. Според нивото на меѓупартиската комуникација се доближуваме до „ненадминливиот“ човек од Софија, Божидар Димитров. Се расправаме за лавови за кои Димитров прво помислил дека се бугарски, но се откажал од идејата да ги оспори спомениците на мостот „Гоце Делчев“, бидејќи овие немале м...
bravo za tekstot,
celosno ja otslikuva sostojbata vo ovaa nasa "iscedena" drzava. i najbitno od se, realen stav vo eden vesnik, koj edno vreme so zadovolstvo go citav.
blagodaram.
Од: jovan
Датум: 21.09.2010 12:23:05
Nie ne ziveeme vo film, nie gledame film. Vo filmot se vlezeni glumcite i po nekoj statista. Nie samo grickame semki i soncogled i mirno posmatreme.(delime i po nekoj aplauz odvreme navreme).
Од: Силвестер, Сиднеј
Датум: 21.09.2010 12:59:47
Оддамна немам прочитано во ниеден дневник, весник толку храбро сведочење на вистината. Многу ми е мило што и во Македонија владее свеста макар и во мал број на граѓани дека живеат во страшно поделена двопартиска држава. Граѓаните веќе и не се свесни колку се поделени кутрите. Дали ќе се создаде трета партија, која ќе биде ослободена од пашките и смрдеата низ минатите години на нивното владеење, доволно силна за да ги поведе граѓаните во благосостојба? Јас мислам дека е редно и потребно, за доброто на секој во Македонија.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 21.09.2010 13:43:40
Скопјани?!Ма,ајде...не видов ниту еден!Тие и да се гладни,не би отишле на ваков простачки појадок!Туку...па нели и веста гласеше: „се собраа од сите страни...дури и од внатрешноста“!Вистината е дека на појадокот не се појавиле ниту Гладните,ниту Скопјани,туку единствено оние со „сила и моќ“!
Од: b
Датум: 21.09.2010 14:21:04
Народот не живее во филм. Тој само го гледа филмот. Власта живее во свој фим!
Од: Социјализам...
Датум: 21.09.2010 16:08:58
Би се надоврзал на авторот на текстов.
Демократијата не е за секого, и тоа важи за сите држави во кои владее капитализмот, а не народот. Народот е, послед��ата дупка на шупелката. Впрочем, самиот капитализам почива на најниските вредности на човекот, алчност, завист, егоизам и непочитување на другите околу себе. Луѓето од луѓе, се претвораат во животни кои се во постојана борба за опстанок. Никаква сигурност не нуди капитализмот, освен на владејачките структури, кои од време на време, од парите собрани од народот ке му фрлат коска на истиот народ да се тепаат кој ке го изглода и последното парче месо (ако останало)... Решение , само револуција, која е тешко изводлива во овој момент, се додека не му пукне филмот на народот.
Од: Socijala
Датум: 21.09.2010 16:19:34
Eve edno kratko video koe mnogu ubavo ja otslikuva denesnata sostojba vo nasata Makedonija
http://www.youtube.com/watch?v=_zC1R4q0j3I
Од: redovna citatelka
Датум: 21.09.2010 17:52:09
Izvonreden tekst! Duri bolno e kolku e realno! No dali e resenie TRETA opcija? Zar go zaboravivte Cile? Vo prvata prilika se gusna so Ljupco, i pak bea edna partija. Duri go izvlece i podebeliot kraj!
Од: Goran
Датум: 21.09.2010 23:06:03
Dobar tekst!
Mi se gadi da gi citam A1 poveke. Sekoj dene plukaat a nisto sustinski ne kazuvaat.
Ova e eden od najrealnite tekstovi koi gi imam procitano od damna.
Pozdrav!
Од: Перо
Датум: 22.09.2010 00:17:32
А кој ја гласа власта!?!? секој има одговорност и "избор" да гласа! а после те бранко те грујо те станко те петко! сами сме си криви. ПС: текстот е прецизно објективен точен и просто перфектен , секоја чест!
Од: ivana
Датум: 22.09.2010 09:09:40
nisto ne me cudi narode dovolno e da go vidime pasko kuzman so negovata nakolna naselba i da znaeme vo koe vreme praistorisko ne vratija ovie vmro-ovci koi go gubat vrisokot na narodot koj e sekoj den poglasen i pojak od ubavinata na zivotot.