Број 3387  вторник, 21 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Политика

Плурализмот се сведе на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ

Повеќепартизмот во земјава функционира во два потсистемa - едниот на Македонците, другиот на Албанците

Александра М. Митевска


Пред точно две децении, на 20 септември 1990 година, делегатите во Собранието на Социјалистичка Република Македонија го изменија Уставот, што значеше и промена на општествено-политичкиот систем на тогашната југословенска република. Еднопартизмот беше заменет со плурализам, а граѓанскиот концепт на уредување го потисна социјализмот. Со тоа беа создадени и предуслови за отцепување на Македонија од СФРЈ.

Тогашниот Извршен совет на Македонија, на чело со Глигорие Гоговски, достави до Собранието, со кое претседаваше Вулнет Старова, 25 амандмани, чие усвојување беше увертира во тектонските поместувања во првата половина од деведесеттите години од минатиот век. Тито Беличанец, кој тогаш беше потпретседател на Извршниот совет, се потсетува дека промените на републичкиот Устав, всушност, биле спротивни на Уставот на тогашната федерација - базиран на принципите на еднопартизмот и социјализмот.

„Со тие амандмани се смени уставното уредување на Македонија и се отвори можноста за одржување на првите демократски избори и за конституирање на првото повеќепартиско собрание. Претходно, врз основа на изменетиот Устав, се донесоа законите за политички партии и за избори“, вели Беличанец.

Македонската самостојност беше потврдена една година подоцна, на референдумот на 8 септември 1991 година. Претходно, на 11 ноември 1990 година се одржаа првите демократски повеќепартиски избори - според мнозински модел во два круга, на кои учествуваа 18 политички партии и 43 независни кандидати. Мандати во првиот парламентарен состав, што се конституираше на 8 јануари 1991 година, освоија тројца независни кандидати и девет партии - ВМРО-ДПМНЕ, СКМ-ПДП, ПДП (прва партија на Албанците во Македонија), Сојузот на реформски сили, Социјалистичката партија, Странката на Југословените, Народната демократска партија и Партијата за целосна еманципација на Ромите.

Повеќето од партиите што го сочинуваа пионерскиот плурален мозаик (меѓу нив и МААК, Социјалдемократската партија, Лигата за демократија...), во годините што следуваа, притиснати од драматичните настани што се случуваа со брзина на светлината, не го издржаа тестот на времето. Многу од нив згаснаа, се претопија во други партии, се расцепкаа или се трансформираа... Во меѓувреме, се формираа уште многу нови партии и се менуваше изборниот модел - од мнозински, преку комбиниран мнозински и пропорционален, до пропорционално-регионален... Но, главните актери од почетоците на плурализмот во голем дел останаа исти и натаму, помалку или повеќе, се присутни на политичката сцена, со повеќе или помалку впечатливи улоги...

Тоа што воопшто не се смени во изминатите 20 години е апсолутната доминација на двете најголеми партии - ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ (кој во 1990 се трансформираше од СКМ во СКМ-ПДП и така настапи на првите парламентарни избори).

Погледнато од денешен аспект, би можело да се каже дека во Македонија плурализмот од раните деведесетти години, всушност, се сведе на бипартизам и оти политичкиот систем во земјава функционира во два потсистема - едниот на Македонците, а другиот на Албанците.

Универзитетскиот професор Никола Поповски, кој долги години беше член на парламентот - почнувајќи од првиот состав, оценува дека плурализмот во Македонија функционира и оти се стабилизира низ годините, иако тој, главно, е сведен на двете големи коалиции предводени од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ и на најголемите партии од албанскиот блок. Од друга страна, како што вели тој, паралелно со унапредувањето на плурализмот се уназадува демократијата во македонските партии, пред се', во трите најголеми партии - СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. „Македонските политички субјекти се соочуваат со голем недостиг од внатрепартиска демократија. Во сите големи партии демократијата сега е на пониско ниво отколку што беше во СКМ во годините пред расформирањето. Поради отсуството на дебата и неприкосновените позиции на лидерите, степенот на демократија во ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ... е како во СКМ во триесеттите и во шеесеттите години од минатиот век“, оценува Поповски.

Лидерот на НСДП, Тито Петковски, кој е во Собранието од почетоците на плурализмот, вели дека демократијата во партиите е главен предуслов за демократизација на општеството. Според него, за една партија да биде релевантна на македонската политичка сцена треба да исполни неколку предуслови: „Партијата треба да располага со кадровски потенцијал, организациски да биде дисперзирана низ цела територија на државата, да има јасна програма, да има можности за медиумска промоција и да има пари“.

Во Македонија, вели Петковски, е речиси невозможно некоја нова или помала партија да ги обезбеди сите овие предуслови. Медиумите се сконцентрирани на известување за двете најголеми партии, бизнисмените се врзуваат со некоја од двете партии... „ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и сами работат на елиминација на политичката конкуренција и го фаворизираат бипартизмот. Всушност, периодот на вриење на плурализмот кај нас е многу кус. Не очекувам за 20 години граѓаните да се едуцираат за сите предности што им ги нудат сите политички опции. Треба да помине уште многу време додека целосно се развие политичката култура во Македонија“, наведува Петковски.


#
Статијата е прочитана 874 пати.

Испрати коментар

Од: gimi
Датум: 21.09.2010 12:39:18
Pluralizmot se svede na VMRO-DPMNE i sdsm
Од: Hari
Датум: 21.09.2010 13:54:23
E gimi gjimi, citas li sto komentar si napisal, kukala ti majka? od portokalce tolku....
Од: Тоше
Датум: 21.09.2010 15:01:19
Подобро беше кога беше само СКМ
Од: Сергеј
Датум: 21.09.2010 15:52:32
Како што стојат работите, во Македонија би биле дури и среќни да постои бипартизам. Вистината е поинаква, а тоа е дека во последните четири, а најинтензивно во последните две, кај нас всушност постои еднопартизам инсталиран од владејачката ДПМНЕ, со многу интересно обележје: оваа партија аминува постоење на други партии само ако тие партии им даваат подршка?! Се’ друго се прогласува за државен непријател, кое е само половина чекор од прогласувањето забрана! За каков плурализам тогаш воопшто може да се зборува во овој момент?! ( http://otpor.log.ph/ )
Од: Трпе
Датум: 21.09.2010 16:31:36
Дпмне-овци ке предложат,на референдум да се врати еднопартискиот систем.Не сакат да им прават проблеми опозиционерите.Секогаш за секоја работа,па и колку да е погрешна да ги критикуват.А да сакат и по секоја цена да ги симнат од власта.Едноумието си е најфина работа со избран пастир доживотно.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 21.09.2010 17:55:00
Лидерот на НСДП знае што е внатре партиска демократија,откако ја искуси на сопствена кожа мораше да формира своја партија.Е сега некој ќе праша па зошто е во ист блок со својот бивш шеф а познат демократ,одговорот вероватно лежи во физиката,се викало инерција.Инаку немојте критики за едноумието,никако такво нешто,опозицискиот лидер тогаш доживеа ѕвездени моменти на почеток на кариерата,ќе се навреди човекот.
Од: redovna citatelka
Датум: 21.09.2010 17:56:17
DO GIMI: I VMRO odlicno tera so najradikalnite Albanci. Dali bi im popustil na SDSM del od toa sto im popusta na DUI? Samo za da ostanat na vlast polizaa se sto pred toa pluknaa! Toa e tragedijata na Makedonija!

Најди! во Утрински
Политика
Во чиј филм живееме
ДПА и ДУИ се скараа за кодошите
Се ближи крајот на спорот за името
ИВЗ бара власта да се справи со вахабитите
Црвенковски во Њујорк
Средното стручно ќе трае од една до четири години



"""