Број 3432  понеделник, 15 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Политика

Се тужат за се' и сешто

Тужби фрчат од сите страни. Сега главни за тужење се случаите „патриотска метла“ и „кодошки досиеја“

Жаклина Ѓорѓевиќ


Си разменуваат тужби, како да си велат „добар ден“. Како да стана мода нашите политичари се' повеќе да си порачуваат дека ќе се видат на суд, обидувајќи се да ја тргнат вината од себе или да докажат пред јавноста дека се „чисти“. Тужби фрчат поради случаите „патриотска метла“ и „кодошките досиеја“, кои ја разбрануваа јавноста. Иако и претходно политичарите не штедеа зборови со закани за тужби, но тоа во последно време е се' почеста слика. Се тужат најчесто за клевета и за навреда на углед, но тужби стигаат и за нешто што го кажале од собраниска говорница, единственото место од каде што можат да зборуваат буквално се', без да ризикуваат да „закачат“ некоја тужба.

„Оној што се служи со негативна кампања, на крајот таа му се враќа како бумеранг“, велат експертите, според кои политичарите тужат во отсуство на политички дијалог.

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милеска, најави дека ќе го тужи Игор Ивановски, член на Извршниот одбор на СДСМ, за клевета, лаги и инсинуации за нарушување на нејзината чест и углед и за нанесената штета на институцијата што ја предводи. А тој возврати дека добро е да се сретнат на суд за да се докаже која е вистината за проектот „Скопје 2014“.

По излегување на досиејата „Ибар“, „Вујко“ и „Мама“, ДУИ најави дека ќе го тужи ДПА и лидерот Мендух Тачи за фабрикување на досиејата. Деновиве адвокатскиот тим на Тачи рече дека ќе достави тужби за клевета против партискиот врв на ДУИ.

Еден од пратениците, кој е најмногу тужен, но и тужи, е Јани Макрадули од СДСМ. Моментно има десетина тужби од функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои Миле Јанакиески, Владимир Здравев, Сашо Мијалков. Но, и тој ги тужи портпаролот на МВР, Иво Котевски, и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски.

„Ме тужат за да прават притисок да не зборувам во Собрание. Во овој диктаторски режим, за жал, нема многу луѓе што се осмелиле да зборуваат. Тоа не знам дали се цени многу сега, ама во иднина тие луѓе ќе доживеат сатисфакција“, ни рече Макрадули. Тој се пожали на притисок од власта, бидејќи, како што рече, му доаѓале дома во недела или на Стара нова година да му врачуваат покани.

При крај е судскиот процес во кој министерот за одбрана, Зоран Коњановски, поднесе тужба против пратеничката на СДСМ, Весна Бендевска, поради клевета. На прес-конференција, таа го нарече Коњановски рекордер поради хавариите, партиските вработувања и потрошениот мазут во РЕК „Битола“. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева, пак, четири години се тужи со пратеникот на СДСМ Владо Бучковски, против кого поднесе тужба за клевета затоа што рекол дека таа поседува бугарски пасош. „Немаат никаква одговорност при делење квалификации со цел да се дискредитира политичкиот противник“, вели Бонева, која потенцира дека тужбите не се ништо друго, туку повреда на човечкото достоинство.

За Петар Арсовски, експерт за политички маркетинг, политичарите тужат во отсуство на политичка комуникација. „Секој оној што ќе ги исцрпи методите на политички дијалог и нормална политичка комуникација пристапува кон други методи, како што се пресови, изјави, клевети и тужби. Тие сами по себе не се забранети, но кога се користат како замена за политички дијалог, тогаш не придонесуваат за добра политичка култура“ смета Арсовски, кој додава дека со тоа им се намалува рејтингот на политичарите. „Тие имаат и индивидуални мотиви за тужбите - некогаш да ја тргнат вината, а некои ги користат за политички маркетинг“, вели Арсовски.


#
Статијата е прочитана 959 пати.

Испрати коментар

Од: gimi
Датум: 15.11.2010 14:32:53
Во недостаток на вистински аргументи за одреден настан опозицијата се служи со инсинуациии и клевети, така да кривичната пријава е неминовност
Од: алек
Датум: 15.11.2010 23:33:35
За опозицијата мислам дека е неминовна тужба бидејќи кога немаат што да прават измислуваат невистини и ги шират во јавноста.За да тврдиш нешто треба да го поткрепиш со факти и аргументи !!!
Од: goran
Датум: 16.11.2010 09:18:05
polovina od site hoteli vo grcija sopstvenici se advokati i doktori

Најди! во Утрински
Политика
Паљурци ќе не' скара со Ватикан
Тачи
Пребирливи или неподобни идни судии?
Груевски му ги лапна пулените на Георгиевски






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry