Број 3451  вторник, 07 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Македонија

На државен трошок лекување во Турција

Нашиот Фонд за здравство од турската болница „Аџибадем“ побарал понуда со цени за здравствени услуги што не се вршат во земјава

Јасмина Јовановска


За здравствени услуги и тераписки третмани што не се вршат во земјава, Фондот за здравствено осигурување планира македонските пациенти да ги испраќа на лекување во приватната турската болница „Аџибадем“ во Истанбул. До менаџментот на оваа болница, од македонскиот здравствен фонд пред неколку дена е стигнат допис, со кој од „Аџибадем“ се бара понуда по која цена ќе ги лекуваат македонските пациенти.

На лекување во Турција македонскиот фонд планира да ги праќа пациентите за операции на отворено срце на деца, одредени кардиохируршки операции на возрасни, оперативно лекување на ретинопатија кај децата, неурохируршко лекување на разни видови емболии, односно анверзии во главата, како и за одредени современи онколошки третмани што не се вршат во Македонија.

„Аџибадем“ има искуство во соработка со државни фондови за здравствено осигурување. „При склучување на договорите, странските пациенти се лекуваат за половина цена од редовните цени во нашата болница“, истакна заменик-директорот на турската болница, Јалчин Нак. Но, секако, оваа соработка ќе се реализира преку нивниот македонски партнер, клиничката болница „Систина“, која како што објасни Јалчин, на пациентите ќе им дијагностицира од што боледуваат, а во „Аџибадем“ ќе одат само за треман или лекување. „По завршувањето на интервенцијата или терапијата, ’Систина‘ ќе има обврска да ги следи болните и да им прави контроли“, вели Јалчин.

Досега „Аџибадем“ има склучено договори со повеќе државни фондови од регионот, како, на пример, со оние од Србија, Албанија, Косово, БиХ, Бугарија. Српските пациенти во оваа болница доаѓаат за кардиохируршки операции зашто листите на чекање за овие интервенции во Србија се долги и се чека и по три години за операција.

„Во Аџибадем дојдов затоа што кај нас не можев да дојдам на ред. Две години бев на листа на чекање на Дедиње и одлучив да дојдам овде, бидејќи Фондот ми ги плаќа сите трошоци“, ни изјави српски пациент од Вршац, кој по три бајпаса на срцето, закрепнуваше во турската болница.

За ист здравствен проблем во „Аџибадем“ дошол и Златко Мандиќ од Ниш. „Во 2008 година имав инфаркт на миокардот, и за две години ми вградија шест стента, но не помогнаа, па морав да се оперирам. Операцијата во Аџибадем ми ја плати нашиот Фонд за здравствено осигурување, а поради многуте болни, во Србија се формираат листи на чекање. Мојата операција мораше итно да се изврши за да останам жив. Ми направија три бајпаса. Ако чекав на листата, на ред за операција ќе дојдов дури на 13 март 2013 година“, ни објасни оперираниот пациент.

Редовната цена на бајпас-операција во „Аџибадем“ е околу 9.000 евра, но за српските пациенти таа изнесува 4.700 евра, а во оваа цена е вклучен авионски превоз, придружба, како и подготовка за операција и интервенцијата. „Годишно се прават по околу 2.500 операции на отворено срце на странски болни“, вели професорот Џем Алма, кој додава дека пациентите однадвор се потешки случаи и кај нив се прават и покомплицирани операции.

За една година се оперирани 118 пациенти од Србија и стапката на смртност е нула, односно е починат само еден болен. „Постои очекувана и реализирана стапка на смртност. Во нашиот центар очекуваната е 3,2 отсто, а реализираната е 0,9 отсто“, истакна проф. Алма, кој во неговата досегашна кариера како кардиохирург оперирал околу 20.000 пациенти.

Освен кардиохирургија според современи стандарди, во„Аџибадем“ и сите други интервенции се вршат со најсовремена апаратура. Оваа медицинска групација располага со петскен систем за откривање и на најнедостапниот канцер, потоа компјутерска томографија и магнетна резонанца со најмал ризик за зрачење, со што со голема прецизност се зрачи туморот, но не и здравото ткиво. Болницата поседува и зрачен апарат „сајбер кнајф“ со кој се третираат неоперативни и тешко достапни тумори, посебно оние на главата и со многу мали димензии. „Аџибадем“ го има и роботот „да винчи“ со кој пациентот се оперира без да го допира лекар, и е наменет за гинеколошки, уролошки, кардиолошки и васкуларни интервенции што се вршат лапараскопски без класично сечење.


#
Статијата е прочитана 1237 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 07.12.2010 12:32:02
Жално но вистинито и се срамам.Кога ние имавме Телевизија во Турција не знаеа штое тоа.Но да им е алал не помина со светлосни години.
Од: Kirce
Датум: 07.12.2010 12:40:20
Eve uste eden dokaz za dekadencijata na Mk medicina od koja site treba da se sramat. Ne se veke dovolni calamite i manipulantskite iskazi i napisi za goleminata na ovoj ili onoj doktor. Vistinata e uzasna i mnogu treba da go boli, posebno tnr. establisment na medicinskiot fakultet koj nisto ne prezema da se podobri nesrekata... Se tamu lici na "ajde da si igrame na doktori"...
Од: Трпе
Датум: 07.12.2010 13:03:48
a zoshto ja preskoknuvame Bugarija ??... mislam deka ima kvalitet i 40% i poveke poniski ceni od kaj nas, obicen dr vo ambulanta vo BG ima 200ljava plata
Од: Vodno
Датум: 07.12.2010 16:45:50
Da napravime analiza za cenata na operaciite vo Adzibadem i onaa vo Filip II, ako vo Turcija e 4700 evra so pat, zosto nasite vladi mu davaa na nasiot kvaziakademik po 8500evra po operacija i uste malku mu bese. Odgovorot e za da finasira kampanje i da se vozi vo najluksuzni jahti. Au da pa toa bese covek na Kljusev, nasto dete, mora da bide milijarder. A za smrtnosta nasa od preku 40% trebe da se pozanimava i druga institucija.
Од: marjan.pp
Датум: 07.12.2010 18:25:57
neka odi tamu cela vlada,tamu gi ceka vlado dimov o.riste,o riste
Од: valdez
Датум: 07.12.2010 23:47:53
Imam prijatel Turcin, i koga mu spomnav za klinikite vo ADZIBADEN rece; isto kako da si bil vo Amerika na operacija. klinikite bile NAUCNA FANTASTIKA. Isto kako vo naucno fantasticniot film GALAKSIJA. Site doktori se obrazuvani vo Amerika. Od sekakov kadar. eeeeeeeeeeeee aj sega klajte arsin so nasite.
Од: Mene
Датум: 08.12.2010 13:16:41
Do marjan PP Vlado Dimov -mafijasot e vo Tokuda bolnica vo Bugarija. Nikogas ne bil vo Turcija, bese kako turist, pred da go izbrkaat
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 09.12.2010 01:37:40
Vo Skopski Vecer ova bese reklama da ja ispofali ovaa ujdurma,demek ovaa Tuska Biznis bolnica bila megju seste vo svetot! Ako ziveevme samo vo Skopje, ce mu veruvavme na Vecer na ovaa reklama.Kade e Logikata? A nema nikoj pacient,da se leci od; Germanija,skandinavija,francija,i celiot zapaden svet. Ajde Bre reklama na Bolnicki Biznis! A za ,onkoloskite, skoro site se besplatni vo svetot!Pa mozam samo vo Evropa i severna Amerika da vi nabroim najmalku Sto[100] Hospitals-Zdravstveni kompanii, sto se poarni od ovaa ,,Vasa" Agzibadem Zdravstvena Kompanija! Ve Molam bez Cenzura! Ako,navistina sakate,da narodov znae; Sto e Sto! PS Vecer ne me pusti ,teska cenzura!
Од: violeta
Датум: 09.12.2010 09:46:06
Ja nosam karka mi na redovni kontroli vo Turcija poradi problem nastanat od nasive d-ri STRUCNJACI i za sreka mi go spasija deteto so vidot vo Istanbul. Toa sto oni go imaat tamu vo klinikite e naucna fantastika,ovde kaj nas uste 100 godi.da pominat nemoze da go dostignat toa nivo na opremenost i strucnost. Fenomenalni se od sekoj aspekt.
Од: Мартин
Датум: 09.12.2010 10:06:50
јас сакам лекување на државен трошок ТУКА, во Македонија.

Најди! во Утрински
Македонија
Раотинчани дежураат на критичните места
Вардар ќе ја поплави Грција?
Илјада хектари во Прилепско под вода
 

Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links