|
|
|
|
|
|
Тарчуловски префрлен во затвор во Германија
По повеќе од шест години поминати во затворот во Шевенинген, Јохан Тарчуловски се сели од Холандија во Германија. Единствениот Македонец, кого Судот во Хаг го осуди за воено злосторство за време на конфликтот во 2001, вчера бил префрлен во затвор во Диез, близу Келн, каде што ќе треба да одлежи уште најмалку две години пред да може да побара да биде помилуван.
Сопругата на Јохан, Соња Тарчуловска, за МИА потврдила дека вчераутро тој бил префрлен во затвор во Германија. Веста била потврдена и од македонската амбасада во Германија.
Меѓународниот суд за воени злосторства на територијата на поранешна СФРЈ во 2008 година го осуди Тарчуловски на 12 години затвор за случајот „Љуботен“. И покрај жалбата на неговите адвокати, Судскиот совет ја потврди пресудата.
„Љуботен“ е единствениот случај од кризната 2001 што беше процесуиран во Хаг. Другите четири предмети за кои се заинтересираа хашките обвинители - „Водство на ОНА“, „Мавровски работници“, „Непроштено“ и „Липковска брана“ беа вратени во Македонија и постапката за нив тапка в место, меѓу другото, и поради тоа што се предмет на дневнополитички пазарења.
Тарчуловски беше однесен во Шевенинген на 16 март 2005 година под сомневање дека ја командувал и ја планирал полициската акција во селото Љуботен, Скопско, каде што беа убиени тројца цивили. За истиот случај во Хаг му се судеше и на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, но во јули 2008 тој беше ослободен од одговорност и од затворот во Шевенинген се врати во Македонија.
Семејството и одбраната на Тарчуловски се обидоа да издејствуваат тој да го одлежи остатокот од затворската казна во Македонија или барем во некоја од земјите од регионот, иако тоа не е практика со хашките осуденици. Сепак, на крајот, германските власти се согласија да го преземат Тарчуловски. Блиските и поддржувачите на единствениот хашки осуденик од земјава се надеваат дека во 2013 година тој ќе биде помилуван и дека ќе се врати дома. (А.М.М.) |
#
|
Статијата е прочитана 2092 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Патриот |
Датум: 08.07.2011 07:43:31 |
|
За утеха на Јохан, и „братот“ Љубе кој го предаде е пак во затвор. Засега во притвор, ама верувам дека наскоро ќе го пикнат во затвор, затоа што тоа го заслужува многу повеќе од Јохан. |
|
|
|
|
|
|
Од: AKVA |
Датум: 08.07.2011 14:55:15 |
|
Da prestanat policiskite mestenki i podmetuvanja na cesnive luge i patriotite... So kriminogeni policajci koi imaat visoki cinovi, a se so nisko obrazovanie(Kupeno), a edinstven kvalitet im e poltronstvoto na moknite politicki figur.taka nareceni provokator policaec koi zivee luksuzno, a gi ofira i javno gi blamira cesnite luge. Nikogash nema da napravime drzava za respekt i pocit. |
|
|
|
|
|
|
Од: general midi |
Датум: 08.07.2011 15:15:09 |
|
Taka e! Borcite za sloboda vo zatvor, uckite na vlast. Toa e Makedonija. |
|
|
|
|
|
|
Од: Alek, danska |
Датум: 08.07.2011 17:10:50 |
|
Море Сибир за него, не заслужува ништо подобрo... |
|
|
|
|
|
|
|
|