Собраниска пирамида
Спикерот ќе има две заменички
Се комплетира собраниското раководство. Комисијата за избори и именувања вчера ги утврди тројцата кандидати за потпретседатели што ќе ги водат седниците на парламентот кога спикерот Трајко Вељаноски ќе биде отсутен. И во овој парламентарен состав потпретседатели ќе бидат Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ и Јани Макрадули од опозицискиот СДСМ. ДУИ, пак, изненади со предлогот потпретседателка на законодавниот дом да биде Сузана Салиу, на која ова и' е прв пратенички мандат.
Најбучна дискусија се разви околу кандидатурата на Макрадули откако од противничката ВМРО-ДПМНЕ се изјаснија дека ќе гласаат за него, иако не го поддржуваат. „Во трите годин�� додека беше потпретседател на Собранието, Макрадули ниту еднаш не успеа својата функција да ја стави над неговата политичка и партиска припадност во СДСМ“, забележа Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Емилијан Станковиќ од СДСМ, пак, рече дека Макрадули има богато политичко искуство и дека ќе го вложи сиот свој капацитет за да му ја врати на Собранието вистинската улога на коректив на Владата.
Комисијата за вчера ги утврди и кандидатите претседатели, заменици-претседатели, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието и на делегациите во парламентарните собранија на Советот на Европа, на НАТО, на ОБСЕ, во парламентарната димензија на централноевропската иницијатива и во парламентарното собрание на Медитеранот. (П.Р.) |