Број 3264  четврток, 22 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

Лустраторите бараат помош од граѓаните

Комисијата за лустрација ги повика граѓаните да достават документи за функционерите, доколку имаат

Оливера Војновска

Комисијата за лустрација ги повикува граѓаните што имаат релевантни податоци, списи и други документи – досиеја за јавните функционери или за кандидатите за јавни функции да помогнат во процесот на лустрација и да ги достават до Комисијата. Изјави дека не биле соработници на тајната полиција досега доставиле повеќе од 1.200 државни функционери. Првиот лустрациски филтер го поминаа седумдесетина политичари, но лустраторите не открија ниту еден кодош меѓу припадниците на актуелната политичка елита.

Дали ваквиот повик, објавен на сајтот на Комисијата, значи дека кај лустраторите постои сомневање оти Управата за безбедност и контраразузнавање (каде што се наоѓа најголем број од досиејата) селективно им ги дава документите?

Претседателот на Комисијата, Јанаќи Витановски, вели дека имале добра соработка со УБК и оттаму добиле се' што побарале. „Повикот е во согласност со член 22 став 3 од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, каде што е предвидено документи да доставуваат и трети лица. Така, доколку се добијат такви материјали Комисијата веднаш ќе ги провери“, рече Витановски.

Предлагачот на Законот, Стојан Андов, појаснува дека таквата одредба во Законот е ставена поради тврдењата дека некои досиеја се прочистени. „Во јавноста имаше видувања дека процесот нема да успее, бидејќи досиејата се прочешлани, дека некои документи завршиле во приватни збирки. Затоа Законот дава можност и тие документи да дојдат до Комисијата и никој да не биде заштитен“, вели Андов.

На прашањето дали со ова се фрла сомневање дека УБК крие дел од документите, тој одговара: „Не можам да кажам дали УБК не ги дава документите. Но, може да се покаже оправдано сомневањето дека некој своевремено ги изнел документите од УБК, а УБК ја изгубила трагата. Бидејќи таму имало луѓе што замислувале дека се посилни од државата и од законот. Јас не сум за тоа ние да водиме истрага како граѓанинот дошол до документот. Комисијата само треба да утврди дали документот е автентичен, и доколку е така да биде земен предвид. Исто така, треба да се утврди зошто го нема во УБК и од кога го нема УБК“, смета Андов. Тој додава дека оние што во јавноста мавтаа со документи, треба да ги достават во Комисијата, па таа да ги провери.

Инаку, по одлуката на Уставен суд во јавноста имаше различни толкувања за опфатот на лустрацијата. Но, претседателот на Комисијата, Витановски, нема дилеми дека процесот не се однесува на транзициското време. „Ние ги почитуваме Законот и одлуката на Уставен суд, според која, лустрацијата не се однесува за периодот по 1991 година. Комисијата го спроведува Законот, а не го толкува“, смета Витановски.

Автентично толкување на законите дава собраниската Законодавно-правна комисија, но досега никој од пратениците не побарал автентично толкување. За Андов, Законот е јасен и тој нема да бара ниту толкување ниту, пак, ќе предложи законски измени.


#
Статијата е прочитана 460 пати.

Испрати коментар

Од: Така им кажал Бранко
Датум: 22.04.2010 07:40:46
Ништо од лустрацијата. Уставните судии извршија национално предавство со нивната пресуда во корист на кодошите и на штета на граѓаните и државата. Срам да им е!
Од: ЦК СКВМРО®
Датум: 22.04.2010 08:41:00
Извинете,нооо... Тајната Полиција сеуште постои,а моите документи се кај нив!Можете слободно да им се јавите за да проверите!Не е ниту чудо да произлезе дека „нашите“политичари со мутација на политичката боја, „воопшто и никогаш не Биле“информатори на полицијата!Кај нас такви „Њама“!Во висините,стигнаа,исклучиво со својот „труд“!Особено, со своите „квалитети“!Оние што имаат Странско државјанство,тоа го прават од Чисти „Патриотски“и „антисрбоКомунистички“побуди и особено поради недостаток на финансиски средства!Мала им била Државната Функционерска плата,па сега мора да доработат малку и за другите Служби,па станаа „Едни голяами приятели на мајка...“!За жалење се!Бедни гревчиња!Дури има и такви кои предавале филозофија(поточно Марксистичка,ама „принудени биле“),па затоа станаа дури и министри!По чешлањето на „Србокомунистичките“документи,сега,најслободно се сончаат на Јонско и Черно Море,а понекогаш и до Охрид!Оние,најзагрозените,Патуваат со Т.А.Sigurimi,упс...Сигурното си е НајСигурно!
Од: Pero Trajkov
Датум: 22.04.2010 09:12:09
Za ovaa lakrdija ima dve mozni pricini: 1.Prodolzuvanje na glumata deka nesto se raboti i priznavanje na sopstvenata nemok. Komisijata sigurno ne misli deka narodot vodel evidencija i formiral arhivi - sto vodi do slednoto: 2.Vo slucaj i nekoj da ima dokumenti i soznanija za nesto (i ako e naiven) da gi dostavi, so sto avtomatski bi vlegol vo evidencija(vnatresen neprijatel) i kako moznost da se blokiraat narednite koi ke dojdat na vlast, so vadenje na delovi od dosiejata za ucena. Poznavajki gi nasite lakrdijasi, mislam deka sepak se raboti za prvoto...
Од: ФЕЛИКС
Датум: 22.04.2010 10:29:33
Очајничко е ,,копрцањето,, на предлагачот на законот,сега бара ние да изигруваме лустратори,да доставуваме документи и да заглавиме по судските лавиринти обвинети за клевета.Јасна,гласна и ептен просветлена одлука на уставниот суд,тази кодош од 1991 год. па наваму нее кодош. И за баланс они кои су сараѓивали,трговали за време ембарга и палили амбасаду не могу бити по вашем вокабулару кодоши.
Од: ilija
Датум: 22.04.2010 12:10:43
Јанаќи Витановски e najgolem spiun vo negotino. Prasajte go kako imale luge sto gi sledele studentite vo Bugarija. I nego go stavile za predsedatel na komisijata za lustracija. A be sto drzava sme breee.
Од: Скопјанец
Датум: 22.04.2010 12:27:27
Имаат ли памет овие од Комисијата за лустрација. Бараат помош и да дадат податоци граѓаните? Апсурд. Потоа да бидат на листата на Кодошите и предмет на некоја ида Лустрација. Малоумие во ногуумие. Будалска работа.

Најди! во Утрински
На прво место
Милошоски бара дискреција
Албанските невладини против власта