Број 3264  четврток, 22 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

Милошоски бара дискреција

Дали нашата Влада ја менува стратегијата во преговорите со Грција

Соња Крамарска

Две крајно спротивставени изјави, едната од странски, а другата од домашен политичар, се слушнаа деновиве во врска со спорот за името со Грција и македонските перспективи во ЕУ и во НАТО. Едната, во стилот на тореадор што мафта со црвено знаменце - од шефот на шпанската дипломатија, Мигел Анхел Моратинос, другата, во стилот на „провоцираната“ страна што се мачи да ја убоди целта - од македонскиот шеф на дипломатијата, Антонио Милошоски.

Додека Моратинос, кој ја посети нашата земја во својство на претставник на земјата која до јуни претседава со ЕУ, не' заплисна со бран од оптимизам, велејќи дека Шпанија ќе стори се' Македонија да добие датум за почеток на преговорите, Милошоски нервозно и' порача на Грција да престане да лицитира со името „Северна Македонија“ и притоа побара, како што рече, директни и дискретни преговори.

Ова е прва изјава на претставник на македонскиот политички врв со која експлицитно се бара затворање на преговорите за јавноста и директна комуникација со Грција. Или, пак, можеби, не станува збор за нова стратегија, туку шефот на нашата дипломатија даде само реторички одговор на прашањето кое станува се' понепријатно за Владата во Скопје - а тоа е до кога македонските власти ќе ги игнорираат објавите на Атина дека тие се согласуваат со името Република Северна Македонија.

Професорот по меѓународна политика на Правниот факултет во Скопје и поранешен шеф на дипломатијата, Денко Малески, вели дека не може да даде оцена дали најновата изјава на Милошоски може да значи вовед во промена на стратегијата во преговорите. Но, додава оти смета дека директните преговори не се формулата за успех на преговорите во полза на нашата земја.

„Тешко дека нешто ќе се постигне преку директни преговори. Всушност, водењето директни преговори е погрешната варијанта за македонската страна. Кога преговараат две страни од кои едната е послаба, подобро е тоа да се случува во присуство на трета страна, како што се сега Обединетите нации“, вели Малески.

За евентуалната употреба на терминот „дискретни“ преговори Малески вели дека можеби зад тоа се крие надеж на државното раководство дека ќе успеат да се нагодат со Грција доколку преговорите се одвиваат подалеку од очите на јавноста.

Но, колку е возможно тоа откако спорот меѓу двете балкански држави доживеа меѓународен публицитет и статијата за него во британскиот магазин „Економист“ е прогласена за најкоментирано четиво во историјата на Интернет-изданието на неделникот? Приказната за необичниот спор, очигледно, станува тиражна тема не само за домашните медиуми туку и пошироко, и практично сега во оваа фаза е невозможно нејзините актери да добијат анонимност.

Има сугестии и од домашни аналитичари за водење тајни преговори со Грција. Иако постојат шпекулации, до ден денес не се дозна дали има такво нешто. Од македонската Влада се појавија барања за вклучување на ЕУ во процесот на преговорите, но ЕУ го одбива тоа.

„Тоа им останува на Скопје и на Атина под покровителство на ОН без директно вклучување на Унијата во преговорите“, рече и гостинот од Шпанија, Мигел Анхел Моратинос, при неговата завчерашна посета на Македонија.

Македонскиот политички врв во неколку наврати досега јавно се заложи за европско посредништво во спорот. Она што го посакуваа(т) властите во Скопје е вклучување на некоја од влијателните земји-членки на Унијата, но ниту една од државите не прифати. Сите сакаат да стојат настрана во овој сложен спор.

Јасно е дека Македонија и Грција се оставени сами со посредство на Обединетите нации да го решат спорот. Грција се изјасни дека целосно го прифаќа името Северна Македонија и дека идентитетските прашања се само изговор на Скопје да не се реши спорот.

Македонија возвраќа дека се потребни, како што рече Милошоски, директни и суштински разговори, наместо давање изјави за домашна или за меѓународна употреба. „Наместо да се даваат изјави во јавноста што е пожелно за едната страна, а што е неприфатливо за другата страна, подобро е да се разговара директно и дискретно за да најдеме начин како да го придвижиме напред овој македонско-грчки спор“, им одговори тој.

Mакедонската јавност изгледа дека ја зафати рамнодушност, па веќе не реагира толку чувствително на промената на реториката во изјавите на политичките претставници од двете страни. Само што реториката на Скопје се менува за нијанси, кои се толку слаби што не можат да бидат ниту толкувани од страна на посматрачите, додека реториката на Атина се менува со светлосна брзина - тие дадоа зелено светло за предлогот на Метју Нимиц „Република Северна Македонија“.


#
Статијата е прочитана 1253 пати.

Испрати коментар

Од: novoselec
Датум: 22.04.2010 01:01:01
Gospogo/ice Kramarska, od koj institut za procena na javnoto mnenie go izvlekovte podatokot deka makedonskata javnost "ja zafati ramnodusnost pa vekje ne reagira na promenata na retorikata..." A, vo isto vreme i sami velite deka britanski "Ekonomist" za tekst okolu sporot za imeto postignal istoriski rekord po broj na komentari za elektronski objaven tekst? Komentarite ne bea samo grcki?
Од: Andrej
Датум: 22.04.2010 01:06:52
Grcija gi promenila stavovite so svetlosna brzina? Ovaa novinarka ili se pravi naivna ili nema poim sto zboruva, a kako novinar go sledi prasanjeto so godini. Imeto Republika Severna Makedonija e star grcki predlog, sto e poznat veke najmalku 12 godini. I ne e prvpat javno toa da go kazat, imase takvi izjavi od strana na grcki oficijalni lica uste vo 2002 godina. Sonja, dzabe se obiduvate da odrabotuvate za Grcija ili koj bilo drug, providno e.
Од: Vineam Makedonski
Датум: 22.04.2010 04:25:16
Kako makedonec sum dolzen da ve potsetam i vas kako kometatorka na tekstot a i gos.Malevski deka moja cel kako makedonec e i da ostanam makedonec a ne severo makedonec se dodeka Grckata vlada ne go priznae makedonecot kako covek ili narod se dotogas nema da se slozam so nivnite predlozi razmislete malku na taa tema koj se i koi ke bideme so edno strani pregovori ili uceni resenieto e mnogu ednostavno i samiot zbor demokratija koj sto doaga od nasite komsii ke ni pokaze kako treba da se odesuvaat nasite komsii i da ne zaboravat deka koga bile zaedno so makedoncite bile i mnogu jaki inaku ke propadnat stojat na rabot na ambisot no ima uste malku vreme da dojde do promeni ili vie mislite nesto podrugo pa iznesete go vasiot stav za priznavanjeto ili nepriznavanjeto na makedonecot kako narod....
Од: mihajlo
Датум: 22.04.2010 08:45:26
Vo posledno vreme custvuvam deka ovoj pat prasanjeto za imeto ce se resi i Makedonija pod pritisok ce prifati ime za sevkupna upotreba.Vakvoto ime kolku ce vlijae na pocustvitelnata za nas opcija za identitetot,prestavuva problem na eden milion ziteli.Za zal jas taka go dozivuvam.Ova moe custvo se temeli na dosegasnite potezi i pojavi za raboti koi bile odlucuvacki za nas a nie sme morale da gi "prifatime",bidejci ne sme imale drugi alternativi.Denes ovaa situacija e uste povece pospecificna i zatoa mislam deka nema so sto povece da se borime.Mozebi nekoj ce rece deka toa e malodusnost,no toa e toa.Nasive "braca" se dodatniot faktor za nas poraz.Daj Boze da ne se ostvari ova sto go velam,no se plasam od surovata realnost.

Најди! во Утрински
На прво место
Лустраторите бараат помош од граѓаните
Албанските невладини против власта