Запалено „југо“, подметнувачот непознат
Полицијата трага по непознат сторител што предизвика пожар во автомобил „југо“ во вторникот вечерта на улицата „Сава Михајов“ во Скопје. Според МВР, инцидентот се случил околу 22,15 часот кога непознат сторител фрлил пластично шише со запалива течност во автомобилот на В.Н. (22) од Скопје. Сопственикот на возилото веднаш дотрчал, се обидел да го изгасне пожарот, при што се здобил со изгореници на левата нога. По укажаната помош во Градската болница, В.Н. бил пуштен на домашно лекување. Полицијата работи на случајот. (Г.А.) |