Број 3406  четврток, 14 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Хроника

Нудел работа во Дубаи, па збришал со парите

Полицијата поднесе кривична пријава за измама против босанскиот државјанин Д.Ч. (47), кој е во бегство и за кумановката И.П. (25). Според МВР, Д.Ч., кој бил управител на фирмата „Нахил инвест“ од Скопје и И.П., која била менаџер на фирмата, измамиле 13 граѓани дека ќе им најдат работа во Дубаи, а, всушност, им ги зеле парите (околу 234,500 денари) што ги уплаќале тие.

Според истрагата, осомничените во мај годинава на Интернет-страница објавиле информација дека фирмата нуди работа за градежништво, архитектура и хотелски работници во Дубаи. Менаџерката закажувала интервјуа со заинтересираните во просториите на фирмата каде што им објаснувала дека станува збор за двегодишна работа што започнувала на 16 август годинава. Откако споменатиот датум поминал, граѓаните сфатиле дека се оштетени и побарале помош во полицијата.

„Одземени се 437 договори за работа склучени меѓу ‘Нахил‘ и граѓани од земјава. Утврдено е дека на сметката на фирмата, во текот на 2010 година, уплатени се околу 7.4 милиони денари“, ��елат од МВР.

Босанскиот државјанин е во бегство, додека кумановката била сослушана и сега се очекуваат инструкциите на Јавното обвинителство. „МВР им стои на располагање и на останатите граѓани, кои во наредниот период би одлучиле да пријават штета од склучените договори“, се наведува во соопштението на полицијата. (Г.А.)


#
Статијата е прочитана 865 пати.

Испрати коментар

Од: ferdi
Датум: 14.10.2010 16:34:20
Itriot ranise budaliot mamise........

Најди! во Утрински
Хроника
Обвинение за убиството во Заводот за рехабилитација
Комбе покоси три жени кај Прилеп
Запалено „југо“, подметнувачот непознат






Roma missing out on vital European funds in Romania
Talks with Serbia on hold as Kosovo government collapses
Mladic arrest 'essential' says EP draft resolution on Serbia