И покрај тоа што насловот на овој коментар на прв поглед изгледа како да е испревртен, тој сосема одговара кога станува збор за тетовецот Хисен Муслиу, поранешен вработен во УБК, уапсен во полициската акција наречена „Фалсификатор“.
Општо познато е дека на Муслиу судот му изрече притвор од осум дена, но она што допрва ќе треба да се докажува се однесува на досиејата што, наводно, Муслиу самиот ги дотерувал.
Хисен Муслиу е осомничен дека изработувал фалсификати на досиеја на видни личности од јавниот и од политички живот, со што требало да се заклучи дека тие соработувале со странски разузнавачки служби. Всушност, тој вршел замена, бришење, додавање, уништување или неовластено објавувал податоци поврзани со соработката на лицата со органите на државната безбедност.
И се' би било во ред доколку некој не побара да го види оригиналот на овие досиеја, а кои, како што сега стојат работите, едноставно - ги нема. Имено, за да се докаже еден фалсификат, потребно е да се поседува оригинал и откако ќе биде докажана оригиналноста, дури тогаш може да се каже дека Муслиу навистина работел нешто што не смеел да го работи. Но, со оглед на тоа што ниту една државна институција не поседува оригинали со кои се потврдува соработка со тајните служи, тогаш се поставува прашањето: Како да се докаже фалсификат ако го немаме оригиналот?
На Муслиу, дефинитивно, не му бега судење, но со оние докази на кои се повика МВР, тешко дека ќе се докаже неговата вина. Ова не значи дека некој отворено навива за Муслиу, но треба да се претпостави дека нему на помош можат да му дојдат токму службите со кои соработувал, а кои воопшто не се наивни, бидејќи тие не се комисии за верификување факти, туку тајни служби, чија работа е токму водењето досиеја.
Bravo za avtorot... kratko i jasno.
Pozdrav do Utrinski vesnik
Од: aleksandar
Датум: 26.11.2010 21:31:51
pa ne sum siguren deka ima potreba od originali. Izmamnikot moze da se posluzi so poveke materijali i da napravi kolaz, dovolno e da se najdat tie razlichni materijali i istiot kako se koristi pri pravenje na kolazot.
Од: emporio
Датум: 27.11.2010 00:37:45
spored gospodinot,,,
ako nekoj pravi 100 eu(eura) falsifikat,,sto treba da ima pored ,blizu falsifikatot...,,toa znaci akosi odi vo ducan da si kupi so tie 100 eu falsifikat ,treba i na dicanđijot da mu dava i tie 100 eu original,i samo togas ima da odgovara za falsifikat,,a ako mu dava na ducanđijot samo tie 100 eu falsifikat,nema da bide kaznet oti nema originalot,,
gospodine,,se znae sekoj falsifikat so zakonnot e prekrsok,i kaznivo,,,dosta e samo tolku ekspertite d aitvrduvat deka dokumentot n eoriginal,tuku falsifikat,,ne e vazno koje ime,koji podatoci,,,tuku ,kako dokument sigurno ima nekoji
pecat.logotip.ili nekoji znak,,koji e kako garancija da e original,,a vo ovoj primer ovoj dokument imase nedostatoci,spored ekspertite
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 27.11.2010 06:15:05
Falsifikatot" e Vistina ,ako ne se dokaze so originalot,deka Falsifikatot e Falsifikat!
Од: Tajnite sluzbi ne davaat originali!
Датум: 27.11.2010 07:16:26
Samo naiven covek moze da misli deka tajnite sluzbi mozat da dadat originalni dokumenti! Medjutoa, postojat tn. ,,krtovi,, vo tie sluzbi koi mozat da davaat kopii od tajnite dokumenti, no, ne i originali! ,,Krtovite,, toa go pravat od ideoloski pricini ili za pari, sto e mosne dobro poznato vo istorijata na spijunazata.
Од: Зоко
Датум: 27.11.2010 10:11:22
Да таа лустрација личи повеќе на инквизиција. Па сега треба да ги запалиме вештерките, кога ќе ги најдеме. Какви бре шпиуни и предавници. До вчера сите беа информирани за се и секого. Аха сакате да кажете демек по лустрирањето на вештерките сме си го промениле менталитетот, па во иднина нема да се шпиунираме едни со други. Абе ај глеј си работа.