|
|
|
|
|
|
Носталгија по свинските полутки и евтините кредити
Подобар стандард, повисоки плати,сигурна работа, поквалитетно здравство... По тоа жалат југоносталгичарите
Жаклина Ѓорѓевиќ
Ах, таа Југославија - со носталгија се потсетуваат политичари, социолози, аналитичари кога ќе ги прашате како навистина се живеело пред дваесет или триесет години на овие простори. Подобар стандард, повисоки плати, сигурна работа, поквалитетно здравство, образование... Ова се работите за кои жалат македонските граѓани, од кои најголем дел сметаат дека порано имале подобри услови за живот. Тоа го покажа и анкетата на Центарот за истражување и креирање политики, со која беа опфатени 1.094 испитаници, од кои над шееесет проценти се согласуваат дека животот во комунизмот бил подобар од денешниот, како и тоа дека тогаш имало посилна економија, а тие уживале повеќе лична слобода од денес. Прогнозите на експертите се дека тоа време повторно ќе се врати, но постепено.
„Бевме најбезбедна земја во регионот, но и пошироко. Имавме социјализам со човечки лик, фабриките беа на работниците со кои тие управуваа. Тогаш имавме најмала невработеност, бесплатно здравство и школство. Без визи се патуваше во 88 земји од светот“, се присеќава Слободан Угриновски, лидер на Титовите леви сили, кој на 27 години бил директор на ООЗТ за занаетчиски работи во ГП „Пелагонија“. Тој вели дека системот нудел многу можности, стан се купувал со 1 отсто камата, а потрошувачките кредити биле со 5 отсто, така што полесно можело да се дојде до кола, телевизор или машина за перење алишта. А, работното време, вели Угриновски, било загарантирано и траело осум часа.
„Младите можеа со својата способност да напредуваат. Лично учествував во изградбата на илјадници станови, стопански и индустриски објекти, јавни објекти, патишта, водоводи... Постојано се градеше и се' беше наше, сега се' стана приватно“, воздивнува Угриновски додека ни ги прераскажуваше спомените од тоа време. Работниците, според него, во тоа време добивале општествени станови што ги граделе фирмите кои им помагале на социјалните случаи. „Обврска беше и на претпријатијата да ги решаваат социјалните случаи. Синдикатите функционираа и делеа бесплатно полутки, се даваа канти сирење. А ние сега не сме ни во капитализам, туку во грабилизам. Стана нормално да се грабне и да се краде“, смета лидерот на ТЛС. Угриновски е убеден дека најдоцна до 2018 година социјализмот ќе се врати во земјава, а поранешните ЈУ-републиките повторно ќе се обединат прво на културно поле, а потоа и економски.
Во ова е убеден и аналитичарот Мерсел Биљали, но тој смета дека ќе има интегрирање во смисла на заеднички пазар, без царини и пасоши. За социјализмот вели: „Животниот стандард беше подобар отколку сега. Здравството, образованието, културата, сето тоа даваше чувство кај луѓето дека се работи за едно организирано општество што гарантира душевен мир“.
Луѓето, потенцира Биљали, на секакви начини тогаш можеле лесно да дојдат до заработувачка, за разлика од денес со „партиска структура на најарогантен начин“, смета тој. Негова оцена е дека сега, за разлика оттогаш, влошена е безбедносната клима. „Тогаш можеше да патуваш каде било и да земеш едно ќебе, сега не можеш да бидеш сигурен во сопствениот дом. Тогаш еден земјоделец или овчар можеше да го школува детето со поддршка од државата, што сега не е случај“.
Социологот Илија Ацевски вели дека југоносталгијата во висок процент е присутна во сите анкети од 1995 година наваму. Причината за тоа, според него, лежи во две причини. Прво, како што вели, земјава нема направено исчекор во економскиот развој. „Немаме достигнато стандард од 90-тите години. Едно големо мнозинство спомнуваат како беше во социјализмот, дека ете имавме работа, имавме се'... Тие имаат деца од по 20-ина години, кои не знаат каков бил социјализмот, но кај нив стои впечатокот дека се живеело подобро. Вториот момент го лоцира во проблемите со кои се соочила Македонија откако станала самостојна држава, споменувајќи го ембаргото, а сега и барањето за промена на името. „Тогаш од нас не се бараше такво нешто“, потенцира Ацевски, додавајќи дека ЈУ-носталгијата е присутна и во Србија, па и во Словенија, иако економски не е врзана. Како универзитетски професор, Ацевски споредува дека високото образование во времето на социјализмот било поквалитетно, бидејќи не се плаќало за студиите и немало притисоци.
|
#
|
Статијата е прочитана 3064 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: divlje jagode |
Датум: 26.11.2010 12:22:17 |
|
Ma kakva nostalgija.Nostalgija e da se setis na nesto,sto nemoze da se vrati,sto ne e vo zivot.Jugoslavija i socijalizmot se vremeno uspieni,posle serija straotni merki protiv niv.Poleka se budime.Nikoj nemoze da ja ukine idejata.Ovoa sekjavanje mnogu skoro ke prerasne vo sekojdnevie ,pa vo blaga aktivnost,i poleka ,poleka ke si evoluira vo revolucija.Octoberfest ke ima svoja repriza.Mnogu ,mnogu skoro.Ke vidite |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 26.11.2010 12:34:32 |
|
Не е Ју-носталгијата само во кредитите со ниски камати и полутките преку синдикат.Тоа е многу голем список кој тешко се набројува.Тогашниот систем се разликуваше од другите комунистички системи.Имаше човекови права,обезбедено здравство,квалитетно образование,голема безбедносдт и сигурност а не сега да тие страв да излезеш на улица.На голем број грагани се обезбеди најосновното кров над глава.Во утринските часови кога се одеше на работа по претпријатијата улиците личеа на корзо итнт.. |
|
|
|
|
|
|
Од: vancho |
Датум: 26.11.2010 12:49:30 |
|
nema da pominat mnogu godini,koga narodot ke posaka Tito da bide proglasen za svetec,i pokraj toa shto propagirashe komunisticka ideologija. |
|
|
|
|
|
|
Од: Tito |
Датум: 26.11.2010 12:50:00 |
|
Jugoslavija bese najdobra drzava vo svetot,golema steta i nepravda ni storija ,ne ostavija siraci... |
|
|
|
|
|
|
Од: Roden 1960(pamtam dobro) |
Датум: 26.11.2010 13:03:51 |
|
Kako mozat da sirat takvi lazgi i nebulozi ,megu lugeto"demek vo bivsa SFRJ se ziveelo poubavo".
Zaboravile deka vo toa vreme,nemavme obicno kafe po prodavnicite,benzin se delese so bonovi,mleko nemase vo prodavnicite(morase da stanes vo 4h nautro i da zastanes na red dodeka otvori prodavnicata)moite deca porasnale so toj red za mleko.Krediti nemase za najosnovni raboti kako tv,i slicni sitnici da kupis.A za stanovi,da ne praime muabet,mozevme da sonuvame,na krediti.Vo Italija morase da ideme da si kupime farmerki poevtini,prosecna plata bese okolu 350 marki,denesni se 175 evra.Vo toa vreme se napraveni geta po nacionalna struktura.Zatoa otidov vo stranstvo da ziveam.Vo toa vreme ziveeja dobro tie kako Ugrinovski i slicnite,koi bea na vlast dodeka smrtta ne gi oddeli,ziveja na visoka noga,i zatoa se nostalgicni sprema SFRJ.Edinstveno sto vredese pasosot i nisto drugo.Ziveevme vo propaganden mrak od komunistite od koj mi trebase celi 5 g ziveenje vo stranstvo da go isperam mozokot od |
|
|
|
|
|
|
Од: Јован АН |
Датум: 26.11.2010 13:03:56 |
|
Педесеттите години од минатиот век шетал Кардељ по Словенија и на Сава Бохињка наишол на еден дедо кој си ловел рипчиња.Го прашал дедото: - Дедо,кажи ми,кога беше поубаво,за време на Австро-унгарско или сега?Дедото му одговорил: - Право да ти кажам синко,за време на Австроунгарско!На тоа Кардељ се запрепастил и му рекол: - Аман,бре,дедо!Тогаш бевне слуги,коњушари на Швабите,а сега своја држава,свој јазик,фабриките на работниците,самоуправување!Дедото одговорил: - Е,мој синко!Тогаш имав 18 години!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: mene |
Датум: 26.11.2010 13:31:38 |
|
da,togas nosev patiki od 5 marki,a denes od 100 evra |
|
|
|
|
|
|
Од: 1959 |
Датум: 26.11.2010 13:46:50 |
|
E Trpe a sega imame:zatvoreni fabriki no zatoa urbanata mafija "caruva",crna hronika e najatraktivniot del od vesnicite i sekogas poln,prepoln, kriminalcite se od ovaa strana na resetkite i "ne obezbeduvaat" (togas bea od drugata strana),novopeceni biznismeni (od opinci vo odela i po balovi),zdravstvo "nevideno" dobro,skolstvo sto e vo "podem"(sekoe selce univerzitetce, poveke gi imame od USA i GB + Rusija zaedno),sport na edno "zavidno" nivo, pogotovo huliganstvoto,ekonomijata "cveta", agrarot na "svetsko nivo" (taka barem ni kazuvaat),eden standard na 5% od naselenieto na svetsko,ne galaksisko nivo,da pozavidat i Germancite i Marsovcite, a drugite ne e bitno (tie ziveat od idei)....jugonostalgija?!Zosto, ta "mrakot" pomina(da mu e..m majkata na toj sto go upali svetlo,bi rekol Mali Djokica) Divlje jagode, morase da se rasturi, "bodese" oci na kapitalizmot, no zatoaKina i Lat.Amerika opstana,ideite na Che i Kastro se neunistivi.Hasta siempre komandante..... |
|
|
|
|
|
|
Од: ЛАЖНИ ФАЛБИ |
Датум: 26.11.2010 13:55:20 |
|
Колку македонски села немаа струја немаа патишта немавме пруги немаше амбуланти по селата само нашата плата ама да ја трошиш во Источна Европа и ништо повеќе. Таму имаше поефтина храна и повеќе станови и ред а немаше само фармерки. Вашата носталгија ја кочи Македонија. Ај доста со лажни фалби. |
|
|
|
|
|
|
Од: borce |
Датум: 26.11.2010 14:50:48 |
|
N edeka zalime za bivchata Jugoslavija no vistinata e taa deka daleku podobro se ziveeche.Imache za site rabota beche edno umie no ova sega e bezumie.Togach na rabotnicite im se placaa site davacki i ne kradeja politicarite kako sega.Ovaa vlast go podrzuva kriminalot osoobeno tie chto kradat zaedno so vlasta.Sum pichuval i ce pichuvam aku vlasta saka da nema kriminal zochto dozvoluva na tie direktori chto napravija kriminal da se na sloboda.Primer bivchiot direktor na A.D.G. Mavrovo koj go dotera do stecaj a koe e podigano 60 godini toj se od ovaa firma si prefrli na negova privatna firma od ovaj kriminal kade ima pogolem. |
|
|
|
|
|
|
Од: Trpe |
Датум: 26.11.2010 14:51:31 |
|
da, ama aj da vidime ovoj jugonostalogicarot sto se ima privatno negovo ??... I kako ke se gradi pak Jugoslavija koga ne se vrati kradenoto, Srbija pecateshe pari i go shitna celoto oruzje na JA, ama pak im fali, imaat nepopravliv apetit... se se toa samo sonishta i iluzii... i ova drzava ako e pomala veke ima nepravdi, privilegirani klasi na luge, zaposluvanje po ohridski dogovor i debeleenje na administracija po opshtinite.. |
|
|
|
|
|
|
Од: realen |
Датум: 26.11.2010 15:03:40 |
|
Sto da zboruvame za toa vreme .Koga se rasturase socijalizmot site mislea deka ke stanat kapitalisti ,najgolemi protivnici bea ovie sega sto nemaat leb da jadat ,vo toa vreme na mnogu moi kolegi koi letaa vo oblaci da go zapamtat toa vreme za koga ke im raskazuvaat na svoite deca i vnuci ne ke mozat ni da zamislat deka bilo taka .Jas licno uspeav imam pari poveke od togas ,ama sto mi vredi koga se okolu mene e bedno i zalosno .Koga gi gledam rodninite ,komsiite koj od koj poutepani .Begam kako jas da sum vinoven sto se vo takva kasa.Normalen covek licnata sreka ne go pravi sreken koga okolu e se jadno i cemerno. |
|
|
|
|
|
|
Од: prijatel |
Датум: 26.11.2010 15:12:57 |
|
Bravo za komentarot na :divlje jagode.Se e kazano. A na "Roden 1960" sto pamti dobro mu poracuvam neka si ostane tamu kade sto otisol,tamu sekako ke mu e podobro i jas sum 60-to i jas pametam uste podobro. |
|
|
|
|
|
|
Од: marjan.pp |
Датум: 26.11.2010 15:28:20 |
|
75% od mladive go nemaat videno jadran i ubavinite na sfrj,nemaat bliskost kon prijatel, stanavme sebicni i narcisoidni,nema rabotni akcii koj gi zblizuva mladite so koj se izgradi dobar del od sfrj.Sega trcame da se zapiseme vo partija i da bideme lazni patrioti....antiki i takvi ke si ostaneme..... |
|
|
|
|
|
|
Од: 1959 |
Датум: 26.11.2010 15:30:43 |
|
E Trpe a sega imame:zatvoreni fabriki no zatoa urbanata mafija "caruva",crna hronika e najatraktivniot del od vestite, kriminalcite se od ovaa strana na resetkite i "ne obezbeduvaat" (togas bea od drugata strana),novopeceni biznismeni (od opinci vo odela),zdravstvo "nevideno" dobro,skolstvo sto e vo "podem"(sekoe selce univerzitet, poveke gi imame od USA i GB + Rusija zaedno),sport na edno "zavidno" nivo, pogotovo huliganstvoto,ekonomijata "cveta", agrarot na "svetsko nivo" (taka barem ni kazuvaat),eden standard na 5% od naselenieto na svetsko,ne galaksisko nivo,da pozavidat i Germancite i Marsovcite, a drugite ne e bitno (tie ziveat od idei)....jugonostalgija?!Zosto? "Mrakot" pomina(da mu e..m majkata na toj sto go upali svetlo,bi rekol Mali Djokica) Divlje jagode, morase da se rasturi, "bodese" oci na kapitalizmot, no zatoaKina i Lat.Amerika opstanaa,a i ideite na Che i Kastro.Hasta siempre comandante http://www.youtube.com/watch?v=86LSuXi5TLU.1960,propaganda bes=0 vo odnos na zapado |
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 26.11.2010 15:38:35 |
|
Nekoj tuka spomnal deka vo SFRJ nemalo mleko,benzin,struja..Se slagam, no denes ima sve sto ke posakas, no nema PARI.Za drugite sporedbi sto imalo togas i kako bilo,a sto e sto denes,namam prostor ovde da nabrojuvam.Smesno e a i tazno da se tvrdi deka ova denes sto go imame bilo podobro od drzavata SFRJ. Toa sto go imase i poseduvase SFRJ,denes nemozat ni da go odsonuvaat.A deka imalo i togas nepravdi i losi raboti, imalo, no gi ima i denes.Taka da,ne bidete smesni da ja sporeduvate SFRJ so denesnite novokomponovani YU banana drzavi koj nemozat ni eden supersonicen avion(by the way kupen vo vremeto na SFRJ) da go napunat so gorivo.Za drugo i da ne sporeduvam. |
|
|
|
|
|
|
Од: Pismo od Bardovci |
Датум: 26.11.2010 15:57:35 |
|
Komparacija na zivotot vo poranesna Titova Jugoslavija i segasna " prerodbenicka" Grujova Makedonija moze da napravi samo nekoj umobolen. |
|
|
|
|
|
|
Од: војводата од кичево |
Датум: 26.11.2010 16:00:14 |
|
сите оние што краделе во ју времето несмеела да прикажат нелегална печалба па чутеле и чекале и навистин дочекаа го извадија украденото и станаа страв итрепет во ова управување тие се директори на големи фирми велат поштено спечалено тие се министри тисе олигарси . ненитреба ју , ни треба некој кој ќе им застане на патот на тие лопово кои ја креираат политиката во македонија тие се газди на сите тендери каде се перат пари а истите не учат како било подобро во ју времето само со една цел да го заскријат нивното нелегално работење арно ама тука се јави една лилнос БРАТ ЉУБЕ ЌЕ ИМ ЈА СКИНЕ КИЧМАТА |
|
|
|
|
|
|
Од: cento |
Датум: 26.11.2010 17:01:05 |
|
Nostalgijata e po "nisaj vrata zemaj plata" rabotel ne rabotel zema plata a denes vo privatniot sektor nema za sedenje plata |
|
|
|
|
|
|
Од: ,mene |
Датум: 26.11.2010 17:04:34 |
|
Doprva ke zalime za Jugoslavija i Tiro. Imavme se, no ne bevme vredni da go socuvame ona sto so maka trud i pot go stvorile nasite roditeli. |
|
|
|
|
|
|
Од: Ilija |
Датум: 26.11.2010 17:53:04 |
|
Tie sto se rodeni 1977 pa nagore neka ne komentiraar oti generaciite od 1977 pa nagore 1978,1979 ..... se se polosi t.e ponekvalitetni blagodarenie na tranzicijata. Tie nemaat licni kvaliteti za da nesto sporedat a kamoli nesto od ovaa sto ne snajde i da popravat, podobrat. Mozat samo da gi slusaat prikaznite za Jugoslavija i potajno da si mislat deka toa e naucna fantastika. Zatoa ke si ostane samo nostalgiata na nekoj generaciii a ovie mladite na koj ja ostanuva idninata vo nea gledat kako sareno tele vo sarena vrata. Celta e ispolneta! |
|
|
|
|
|
|
Од: TRAJANKA |
Датум: 26.11.2010 19:35:34 |
|
SFRJ Bese naj ubavata zemja , a TITO naj dobriot presedatel , vo negovo vreme imase se , sto vo mnogu porazvieni EU zemji nemalo i nema deneska . EU sakat da ja napravat po model na YU , no toa nema na nikoj da mu uspe . TITO samo mozese da soedini Balkanci , iste ziveva vo imanje , gladni i bezdomnici nemalo , fabrikite koj kvaliteten tekstil proizveduvale vo stranstvo toj kvalitet mozat samo bogatite da si go priustat , kaj TITO se zivese dobo kako vo Bajka so orvoreni prozori i vrati , toa vo EU ni vo son go nema !!! |
|
|
|
|
|
|
Од: zoran |
Датум: 26.11.2010 21:40:54 |
|
Sigurno deka vo Makedonija e podobro sega nego vo Jugoslavija...zosto.Makedobija beshe beda pred 20n godini....da bideme realni vo toa vreme samo elitata ziveeshe na golema noga a sega sekoj bi mozel ako saka so golem trud da raboti i zaraboti.Ve molam drzavata e Makedonija i kakva takva nasha e..najubavata zemja vo svetot. |
|
|
|
|
|
|
Од: sony |
Датум: 26.11.2010 22:35:45 |
|
"do roden 1960"-bravo sto si uspeal za 5 god.se da naucis i razberes vo stranstvo,ostani tamu kade si,pozdrav do "divlje jagode".Bivsata SFRJ imase SOCIJALISTICKI sistem, ne komunizam i se funkcionirase do smrtta na TITO 1980 godina,posle toa nemase veke sistem i zatoa se sluci toa sto se sluci |
|
|
|
|
|
|
Од: jare |
Датум: 27.11.2010 10:25:43 |
|
Se cudam samo sto im e na ovie ,roden,,,,,zoran,,,,i neznam uste koj.Oni ne znaat ni kako se kupuvalo ni kako se ziveelo vo toa vreme.Se bese podobro i poslobodno i poorganizirano.Samo da se zaprasame dali nekoj sega moze da kupi stan so dve normalni plati,a mislam deka normalni se 200,- 250 evra,ne,a togas da.sega ima luge koj sto prezivuvaat .pozdrav do site i se nadevam deka nekogas ke se sredi vo nasata mala MAKEDONIJA |
|
|
|
|
|
|
Од: nekojsi |
Датум: 27.11.2010 10:48:20 |
|
Со волку југоносталгија да не се љутиме кога не викаат Бивша југословенска република. Што народ ќе бевме кога жалиме за времиња кога се живееше од американски кредити, извоз на луѓе со цел намалување на невработеност, еднопартијски систем, суптиулен атеизам..? Да не мислите случајно дека т.н.благосостојба со Тито беше од внатрешни извори ? Да не беа Американците Југославија одамна ќе се распаднеше. Им требаше холивудски глумец како Тито за одбрана/тампон зона од СССР. Кога западњаците не оставија конечно сами да се снаоѓаме, се распаднавме. Се виде колку имаше братство-единство со војните во 90-те. Да беше тоа одржлив систем, немаше така крваво да се распадне. И за крај, место да жалите за Југославија, борете се да живеете како Швеѓани, Холанѓани.. Тие никогаш го немале Тито, а секогаш имале подобар стандард од нас. Гледате, и без Тито се може. |
|
|
|
|
|
|
Од: Komentator |
Датум: 27.11.2010 11:59:33 |
|
covek sum vo godini...ziveev dosta godini i vo titovo vreme i togas i sega nepartiski opredelen ili podobro kazano mislam so svoja glava...I da ne se povtoruvam so drugite komentatori vo falbi ili kritiki na titovoto vreme ..ednostavno da gi prasam StO MILSLETE kako sega ke ni bese da bevme pod kral Petar ?? koj onaka junacki izbega od svoj narod i drzava...Sekako deka ne ke sme kako Svedanite a bas i niv ne gi mirisam mnogu premnogu "revolucii" vo opstestvo napravija sto sega ke im udri vo glava... Sekoj sistem ima pozitiv i negativ e sega sekako deka sekoj e "nostalgicer" po ona sto mu bilo poubavo...samo se prasuvam nasite pravnuci za 50 godini za sto ke "nostalgicirat"..a verojatno i VIE...!!!
|
|
|
|
|
|
|
|
|